Вести

Нова веб-страница на Програмата

04.10.2023

https://ipa-bgmk.mrrb.bg е новата веб-страница на Програмата Интеррег VI-A ИПА Бугарија - Северна Македонија 2021-2027, каде ќе можете да пронаоѓате актуелна информација за нејзиното имплементирање.

Отворениот повик за инвестициски проекти во рамките на Програмскиот приоритет 1 „Позелен пограничен регион“ заврши - пристигнаа вкупно 9 предлог проекти.

16.09.2023

Поднесувањето на предлог проектите во рамките на Отворениот повик за инвестициски проекти во рамките на Програмскиот приоритет 1 „Позелен пограничен регион“ заврши на 15 септември 2023 год. во 23:59 ч. по бугарско време  (EET - Eastern European Time).

Преку системот за е-апликација JeMS пристигнаа вкупно 9 предлог проекти.

15 септември 2023 година - КРАЕН РОК

13.09.2023

Потсетуваме дека крајниот рок за аплицирање на Отворениот повик за инвестициски проекти во рамките на Програмскиот приоритет 1 „Позелен пограничен регион“ на програмата Interreg VI-A ИПА Бугарија - Северна Македонија е 15 септември 2023 год. до 23:59 часот (ЕЕТ)

Анекс Ц „Договор за грант“

18.08.2023

Во Процесот на аплицирање по приоритет 1 „Позелен прекуграничен регион“ на програмата INTERREG VI-A ИПА Бугарија - Северна Македонија, Комитетот за следење на програмата со одлука стапена во сила на 17.08.2023 година по писмена постапка бр. 6, промени некои одредби од Анекс Ц „Договор за грант“, со цел да се обезбеди правилно спроведување на инвестициските проекти.

Оглас за вработување на Експерт мониторинг - Мониторинг на инвестиционни проекти

03.08.2023

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА ОБЈАВУВА ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ЕКСПЕРТ ЗА ИНФРАСТРУКТУРА И МОНИТОРИНГ ВО РАМКИ НА ИНТЕРРЕГ ИПА VI A ПРОГРАМА ЗА ПРЕКУГРАНИЧНА СОРАБОТКА МЕЃУ БУГАРИЈА И СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА 2021 - 2027

 

Ј А В Е Н   О Г Л А С

Министерството за локална самоуправа во улога на Национален орган на ИНТЕРРЕГ VI A ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија CCI 2021TC16IPCB006 објавува јавен оглас за следната работна позиција:

 

Поднесени се 24 проектни идеи за развој на туризмот во прекуграничниот регион Бугарија - Северна Македонија

25.07.2023

Вкупно 24 проектни концепти се пријавени на првиот повик од Територијалната стратегија на Програмата Бугарија-Северна Македонија 2021-2027 година. Повикот беше фокусиран на проектни идеи во областа на развој на атрактивен туристички производ за сите сезони со користење на паметни решенија. По добивањето на зелено светло од Стратешкиот одбор, сите одобрени кандидати ќе бидат поканети да ги поднесат целосните предлог проекти.

Deadline for submission of project proposals in JEMS

24.07.2023

The deadline for submission of project proposals in JEMS under the Territorial Strategy of the INTERREG VI-A IPA Bulgaria North Macedonia Programme 2021-2027, Specific objective 1.2 “Development of an attractive, all-season tourism product by means of smart solutions that ensure universal access and participation”

 is  today, 24 July 2023, 17:00 h. EEST (16:00 CEST)!

Анкета за корисници

21.07.2023

Почитувани корисници,

Во тек е оценка на влијанието на Програмата Бугарија-Северна Македонија за периодот 2014-2023 година. Важен дел од оценката се повратните информации од корисниците кои ја имаат можноста да го споделат своето искуство со Програмата.

Доколку сакате да учествувате во анкетата, пополнете ја најдоцна до 4 август 2023 година на следниот линк: https://forms.gle/MCYMFGY8JABmkm5i6

Прашања и одговори во врска со Водичот за аплицирање со проектни концепти (Повик 1) во рамките на Територијалната стратегија

12.07.2023

Прашања и одговори во врска со Водичот за аплицирање со проектни концепти (Повик 1) во рамките на Територијалната стратегија на програмата Interreg VI-A ИПА Бугарија - Северна Македонија 2021 - 2027, Специфична цел 1.2 „Развој на атрактивен туристички производ за сите сезони со помош на паметни решенија кои обезбедуваат универзален пристап и учество“.

 

Pages

Subscribe to Вести