Вести

ОТВОРЕН ДЕН - Ден на европската соработка

09.09.2022

21 септември е Ден на европската соработка и секоја година повеќе од 100 програми на Интеррег организираат локални настани околу тој датум. Исто така, 2022 година е Европска година на младите. Така, во 2022 година прославите имаат заедничка тема: „Младите за соработка“.

Interreg - ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија - Северна Македонија, ги поканува сите млади луѓе и оние кои се чувствуваат млади на ОТВОРЕН ДЕН во просториите на Заедничкиот секретаријат на улица Марин Дринов бр.7 во Ќустендил на 21 септември 2022 година.

ПОКАНА за кандидирање за извршување на подготвителни активности по стратешки проект за изградба/рехабилитација на нов Граничен премин Берово - Струмјани

18.07.2022

ПОКАНА
за кандидирање за извршување на подготвителни активности по стратешки проект за изградба/рехабилитација на нов Граничен премин Берово - Струмјани
 


Министерство за регионален развој и јавни работи

(Управувачки орган)

во соработка со

Министерство за локална самоуправа на Република Северна Македонија

(Национален орган)

Нова верзија на PRAG

12.07.2022

Новата верзија на Практичниот водич за договорни процедури за надворешните активности на ЕУ (PRAG) стапи во сила на 24.06.2022 година.

 

Новата верзија на PRAG можете да ја најдете ТУКА.

Анкета за визуелизација на податоци за прекуграничната соработка

17.03.2022

Почитувани дами и господа,

Работиме на подобрување на визуелизацијата на податоците на нашата веб-страница. Би сакале да знаеме како да ги презентираме информациите на најефикасен начин за Вас, за да одговориме соодветно на Вашите потреби како корисници.

Во врска со ова, Ве молиме пополнете ја анкетатата ТУКА

Седница на Заедничката работна група за Interreg ИПА Програма за прекугранична соработка меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија 2021-2027

11.03.2022

На 11 март 2022 година онлајн преку Webex платформата се одржа седницата на Заедничката работна група на Interreg ИПА Програма за прекугранична соработка Бугарија - Северна Македонија 2021-2027. Со состанокот претседаваше г-ѓа Делјана Иванова, заменик министер за регионален развој и јавни работи на Република Бугарија и беше копретседаван од г-дин Зоран Димитровски, заменик министер за локална самоуправа на Република Северна Македонија. Поздрави искажа г-ѓа Клаудија Феурле, претставник на Генерална дирекција "Регионален развој" на Европската Комисија.

Јавни расправи во врска со Извештајот за стратегиска оцена на животната средина (ИСОЖС)во рамките на ИНТЕРРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија 2021-2027

14.02.2022

Министерството за локална самоуправа (МЛС), во својство на Национален орган (НО) на ИНТЕРРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија за програмскиот период 2021-2027 година, оствари 3 јавни расправи во врска со Извештајот за стратегиска оцена на животната средина (ИСОЖС), задолжени според чл.

Дискусија за Извештајот за стратегиска оцена на животната средина на програмата 2021 - 2027

21.01.2022

Министерството за регионален развој и јавни работи, како Управувачки орган (УО) на INTERREG ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија за програмскиот период 2021-2027 година на 20 јануари 2022 година преку Webex  платформата организираше дискусија за  за Извештајот за стратегиска оцена на животната средина на програмата и за Територијалната стратегија за интегрирани мерки.

Отпочнување на консултации за Извештајот за стратегиска оцена на животната средина во рамките на ИНТЕРРЕГ ИПА програмата за прекугранична соработка меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија за 2021-2027 година

20.01.2022

Министерството за локална самоуправа (МЛС), во својство на Национален орган (НО) на ИНТЕРРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија за 2021-2027 година, започна јавни консултации во врска со Извештајот за стратегиска оцена на животната средина (ИСОЖС), задолжени според чл.

Pages

Subscribe to Вести