Отворениот повик за инвестициски проекти во рамките на Програмскиот приоритет 1 „Позелен пограничен регион“ заврши - пристигнаа вкупно 9 предлог проекти.
Поднесувањето на предлог проектите во рамките на Отворениот повик за инвестициски проекти во рамките на Програмскиот приоритет 1 „Позелен пограничен регион“ заврши на 15 септември 2023 год. во 23:59 ч. по бугарско време (EET - Eastern European Time).
Преку системот за е-апликација JeMS пристигнаа вкупно 9 предлог проекти.
Отворениот повик за инвестициски проекти во рамките на Програмскиот приоритет 1 „Позелен пограничен регион“ на програмата Interreg VI-A ИПА Бугарија - Северна Македонија беше отворен на 7 јуни 2023 год. Вкупниот износ на повикот е 4 561 091 евра