Joint Working Group

7-ма седница (писмена процедура) на Заедничката работна група

01.09.2022

Заедничката работна група на INTERREG-IPA Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија 2021-2027 во писмена постапка донесе Одлука бр. 8 од 23 август 2022 година.

Сите документи се прикачени подолу.

6-та седница на Заедничката Работна Група

27.04.2022

За време на 6-тата седница на Заедничката Работна Група на Програмата за прекугранична соработка INTERREG-IPA меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија 2021-2027 година, беше усвоена Одлуката № 7 од 11 март 2022 година.

Сите документи се прикачени подолу.

Седница на Заедничката работна група за Interreg ИПА Програма за прекугранична соработка меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија 2021-2027

11.03.2022

На 11 март 2022 година онлајн преку Webex платформата се одржа седницата на Заедничката работна група на Interreg ИПА Програма за прекугранична соработка Бугарија - Северна Македонија 2021-2027. Со состанокот претседаваше г-ѓа Делјана Иванова, заменик министер за регионален развој и јавни работи на Република Бугарија и беше копретседаван од г-дин Зоран Димитровски, заменик министер за локална самоуправа на Република Северна Македонија. Поздрави искажа г-ѓа Клаудија Феурле, претставник на Генерална дирекција "Регионален развој" на Европската Комисија.

5-ти состанок (писмена постапка) на Заедничката работна група

24.01.2022

Заедничката работна група на INTERREG-IPA Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија 2021-2027 во писмена постапка донесе Одлука бр. 4 од 11 јануари 2020 година.

4-та седница на Заедничката работна група

12.02.2021

На 11 февруари 2021 година, онлајн се одржа седница на Заедничката работна група за Interreg - ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија 2021-2027. Со состанокот претседаваше г-ѓа Деница Николова, заменик министер за регионален развој и јавни работи на Република Бугарија и ко-претседаваше г-дин Зоран Димитровски, заменик министер за локална самоуправа на Република Северна Македонија.

3-та седница (писмена процедура) на Заедничката работна група

04.12.2020

Заедничката работна група на INTERREG-ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија 2021-2027  ја донесе Одлуката бр.4 од 27 октомври 2020 година со писмена процедура.

2-ра седница (писмена процедура) на Заедничката работна група

23.10.2020

Заедничката работна група на INTERREG-ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија 2021-2027  ја донесе Одлуката бр.3 од 13 јули 2020 година со писмена процедура.

 

 

 

Прва седница на Заедничката работна група (ЗРГ)

23.10.2020

Првата седница на Заедничката работна група (ЗРГ) за изработка на Програма за прекугранична соработка кофинансирана од ИПА III за програмскиот период 2021 - 2027 година помеѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија се одржа на 09 октомври 2019 година во Софија, Бугарија.

Донесените документи се приложени подолу.

 

Subscribe to Joint Working Group