Вести

Нова верзија на PRAG

15.07.2019

Новата верзија на Практичниот водич за договорни процедури за надворешните активности на ЕУ (PRAG) стапи во сила на 15.07.2019 година.

 

Новата верзија на PRAG можете да ја најдете ТУКА.

Официјална церемонија за врачување на договори по вториот повик за предлог проекти - Софија, 12 јули 2019 год.

15.07.2019

Официјалната церемонија за доделувањето на договорите по вториот повик за предлог проекти на Interreg-ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија се одржа на 12 јули 2019 година во зградата на Министерството за регионален развој и јавни работи во Софија, Бугарија.

Обука за македонските членови на екипите за управување на проектите финансирани по вториот повик

12.07.2019

Заедничкиот секретаријат во соработка со Управувачкиот орган и Националниот орган, организира обука на македонски јазик за бенефициентите, чии проекти се финансираат по вториот повик за предлог проекти.

Обуката ќе биде фокусирана на техничка и финансиска имплементација на проектите, набљудување, завршување и последователни проверки, процедури за договарање, верификација на трошоците од контролор, електронски систем за размена на документи и информации, како и други поврзани прашања.

Обука за македонските членови на екипите за управување на проектите финансирани по вториот повик

12.07.2019

Обука за македонските членови на екипите за управување на проектите финансирани по вториот повик

 

Мултимедијален центар "Киро Глигоров" Штип

ул. Сутлак, 2000 Штип

Официјална церемонија за врачување на договори по вториот повик за предлог проекти

07.07.2019

Официјалната церемонија за доделувањето на договорите по вториот повик за предлог проекти на Interreg-ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија ќе се одржи на 12 јули 2019 година во 14:30 часот во зградата на Министерството за регионален развој и јавни работи во Софија, Бугарија.

SERVICE FOR UPGRADE AND MAINTENANCE OF MANAGEMENT INFORMATION SYSTEMS, BENEFICIARY PORTALS AND WEB-SITES FOR INTERREG-IPA CBC PROGRAMMES 2014-2020, MANAGED BY REPUBLIC OF BULGARIA

03.06.2019

INTERREG IPA CBC-TA-2019-1

 

Directorate “Territorial Cooperation Management”, Ministry of Regional Development and Public Works intends to award a service contract for Tender procedure “Service for upgrade and maintenance of management information systems, beneficiary portals and web-sites for INTERREG-IPA CBC PROGRAMMES 2014-2020, managed by Republic of Bulgaria” in Sofia, Bulgaria with financial assistance from the

Oнлајн анкета

31.05.2019

Почитувани,

Во тек е извршување на ревизија на успешност од страна на Државниот завод за ревизија на тема ,, Програма Интерег-ИПА за прекугранична соработка помеѓу Република Северна Македонија – Република Бугарија( 2014 -2020). Од страна на Државен завод за ревизија изготвена е  Анкета-Прашалник со цел да добиеме  информации и сознание за евентуални проблеми и пречки со кои се соочувате при аплицирање и имплементирање на евентуалните проекти субвенционирани од страна на Програмата. 

Известување за водечките партнери кои ги завршиле преговорите за склучување на договори за финансирање по Вториот повик за предлог проекти

01.04.2019

Образците на документи кои треба да се испратат до Управниот орган (на адреса: Дирекција "Управување со територијална соработка", Министерство за регионален развој и јавни работи, ул. Стефан Караџа бр.9, Софија 1202, Бугарија) во врска со потпишувањето на договорите за финансирање по Вториот повик за предлог проекти може да се најдат ТУКА.

Ревизирано упатство за аплицирање

05.03.2019

Во врска со измената на чл. 68a од Регулативата (ЕУ) № 1303/2013 на Европскиот парламент и на Советот и измените делегирани во Регулатива (ЕУ) № 481/2014 на Комисијата во врска со третманот на трошоците за персонал за финансираните проекти, беше извршена промена во соодветните текстови на Насоките за аплицирање за вториот Повик за проектни предлози. Промените на применливите барања важат кога персоналот на проектот ќе биде вработен со скратено работно време.

Pages

Subscribe to Вести