Имплементација на проекти

Резиме на оценката на имплементација

24.07.2019

Резимето на оценката на имплементација по Програмата можете да го најдете ТУКА.

Обука за македонските членови на екипите за управување на проектите - Штип

19.07.2019

На 18 јули 2019 година во зградата на мултимедијалниот центар "Киро Глигоров" во Штип (објект изграден по нашата Програма) се одржа обука за македонските членови на екипите за управување на проектите финансирани со вториот повик за предлог проекти.

Обука за бугарските членови на екипите за управување на проектите - Ќустендил

17.07.2019

На 16 јули 2019 година во зградата на регионалната администрација Ќустендил во Ќустендил се одржа обука за бугарските членови на екипите за управување на проектите финансирани со вториот повик за предлог проекти.

Нова верзија на PRAG

15.07.2019

Новата верзија на Практичниот водич за договорни процедури за надворешните активности на ЕУ (PRAG) стапи во сила на 15.07.2019 година.

 

Новата верзија на PRAG можете да ја најдете ТУКА.

Официјална церемонија за врачување на договори по вториот повик за предлог проекти - Софија, 12 јули 2019 год.

15.07.2019

Официјалната церемонија за доделувањето на договорите по вториот повик за предлог проекти на Interreg-ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија се одржа на 12 јули 2019 година во зградата на Министерството за регионален развој и јавни работи во Софија, Бугарија.

Обука за македонските членови на екипите за управување на проектите финансирани по вториот повик

12.07.2019

Заедничкиот секретаријат во соработка со Управувачкиот орган и Националниот орган, организира обука на македонски јазик за бенефициентите, чии проекти се финансираат по вториот повик за предлог проекти.

Обуката ќе биде фокусирана на техничка и финансиска имплементација на проектите, набљудување, завршување и последователни проверки, процедури за договарање, верификација на трошоците од контролор, електронски систем за размена на документи и информации, како и други поврзани прашања.

Pages

Subscribe to Имплементација на проекти