Официјална церемонија за врачување на договори по вториот повик за предлог проекти - Софија, 12 јули 2019 год.

15.07.2019

Официјалната церемонија за доделувањето на договорите по вториот повик за предлог проекти на Interreg-ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија се одржа на 12 јули 2019 година во зградата на Министерството за регионален развој и јавни работи во Софија, Бугарија. Договорите беа врачени од страна на министерот за регионален развој и јавни работи  - г-ѓа Петја Аврамова, министерот за локална самоуправа на Република Северна Македонија - г-дин Горан Милевска и заменик-министерот за регионален развој и јавни работи - г-ѓа Деница Николова.

Во текот на церемонијата беа врачени 14 договори, а во следните неколки седмици ке бидат склучени уште 3 договори. Вкупната сума на 17-те проекти ке биде 5 110 606.73 евра.

Повеќе од 50 луѓе учествуваа на настанот, меѓу кои претставници од двете држави на разни организации како што се општините, јавните, културните и образовните институции, невладините организации и други.

Facebook icon
Twitter icon