Седница на Заедничката работна група за Interreg ИПА Програма за прекугранична соработка меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија 2021-2027

11.03.2022

На 11 март 2022 година онлајн преку Webex платформата се одржа седницата на Заедничката работна група на Interreg ИПА Програма за прекугранична соработка Бугарија - Северна Македонија 2021-2027. Со состанокот претседаваше г-ѓа Делјана Иванова, заменик министер за регионален развој и јавни работи на Република Бугарија и беше копретседаван од г-дин Зоран Димитровски, заменик министер за локална самоуправа на Република Северна Македонија. Поздрави искажа г-ѓа Клаудија Феурле, претставник на Генерална дирекција "Регионален развој" на Европската Комисија.

Главниот фокус на седницата беше дискусијата и усвојувањето на Финалниот нацрт на (INTERREG VI-A) Interreg ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија - Северна Македонија 2021-2027, вклучувајќи ги нејзините анекси: Карта на програмската област, Додаток 3 - Стратешки проект, Рамка за изведба - Нацрт методолошки документ и Комуникациската стратегија како и одлуката за поднесување на Програмата до Европската комисија за усвојување.

 

Facebook icon
Twitter icon