Дискусија за Извештајот за стратегиска оцена на животната средина на програмата 2021 - 2027
Министерството за регионален развој и јавни работи, како Управувачки орган (УО) на INTERREG ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија за програмскиот период 2021-2027 година на 20 јануари 2022 година преку Webex платформата организираше дискусија за за Извештајот за стратегиска оцена на животната средина на програмата и за Територијалната стратегија за интегрирани мерки.
На дискусијата присуствуваа над 45 претставници на регионални и општински администрации, културни институции, невладини организации и други засегнати страни од Бугарија. Директорот на Дирекцијата за управување со територијална соработка, г-ѓа Десислава Георгиева, одржа презентација со информации за процесот на програмирање на новата програма, карактеристиките на новата програма и следните чекори, а претставникот на изведувачот, г-ѓа Рајна Георгиева, даде информации за Извештајот за стратегиска оцена на животната средина на програмата и Територијалната стратегија за интегрирани мерки.
На крајот од дискусијата, сите засегнати страни земаа учество со своите видувања.
Презентацијата на г-ѓа Десислава Георгиева можете да ја најдете ТУКА
Презентацијата на г-ѓа Рајна Георгиева можете да ја најдете ТУКА