Вести

Претходно известување за објавување на јавна набавка за избор на доставувач на услуга "Организирање на настани по Програмите за прекугранична соработка Interreg-IPA 2014-2020, управувани од Република Бугарија“

31.03.2020

Дирекцијата "Управување на територијалната соработка" при Министерството на регионален развој и јавни работи на Република Бугарија известува за претстојното објавување на јавна набавка за избор на доставувач на услуга "Организирање на настани по Програмите за прекугранична соработка Interreg-IPA 2014-2020, управувани од Република Бугарија“ согласно Практичниот прирачник на правила за спроведување на јавни набавки за надворешни дејности на ЕУ (PRAG).

Упатства на Управувачкиот орган на INTERREG - ИПА програмите за прекугранична соработка во врска со воведените мерки за вонредна состојба на териториите на државите кои учествуваат во програмите

20.03.2020

Упатствата на Управувачкиот орган на INTERREG - ИПА програмите за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија - Република Северна Македонија, Република Бугарија - Република Србија и Република Бугарија - Република Турција, во врска со вонредната состојба на територијата на Република Бугарија, воведена на 13.03.2020 година, како и другите вонредни мерки воведени на териториите на земјите партнери, се достапни

Ова е Европа

19.03.2020

Interreg започна комплетно нова комуникациска иницијатива. Таа е наречена „Ова е Европа“ и ке ве однесе до четирите страни на Европа за да ги слушнете обчните граѓани како зборуваат за тоа како Interreg им го има променето животот на подобро.

ИНФОРМАЦИЈА ЗА БЕНЕФИЦИЕНТИТЕ на Interreg ИПА програмите во врска со состојбата со коронавирусот COVID-19

13.03.2020

Почитувани партнери по проектите,

Би сакале да Ве увериме дека нашиот приоритет е благосостојбата и безбедноста на сите Вас и затоа ги даваме овие информации за да Ви помогнеме да се подготвите и да одговорите на состојбата што се развива во врска со COVID-19 со цел  спречување и борба против оваа болест.

Интеррег волонтерска младина - Interreg Volunteer Youth (IVY)

10.12.2019

Интеррег волонтерска младина - Interreg Volunteer Youth (IVY) е иницијатива за поддршка на Програми и проекти на Интеррег. Промовирана од Генералниот директорат за регионална и урбана политика на Европската комисија и управувана од Здружението на европски гранични региони (AEBR), IVY овозможува вклучување на младите луѓе во проекти од Европската територијална соработка.

Прва средба на Заедничката работна група

10.10.2019

Првата средба на Заедничката работна група за стратешко планирање и програмирање на новиот програмски период 2021-2027 се одржа на 9 октомври 2019 година во салата на Прес Центарот на Министерството за регионален развој и јавни работи. Членовите на Заедничката работна група од двете држави ги усвоија основните работни документи и дискутираа за следните чекори поврзани со новиот програмски период

Техничко одржување

30.09.2019

Почитувани корисници и бенефициенти,

Информациските системи за управување и порталите за корисници нема да бидат достапни привремено заради техничко одржување и надградби и ажурирања на софтверот. Очекуваме системот да биде оперативен на 3 пктомври 2019 година.

Јавна расправа за следниот програмски период - Струмица

25.09.2019

На 24 септември 2019 година управувачкиот орган на Програмата за прекугранична соработка организираше јавна расправа - Регионален форум за развој на програмата за прекугранична соработка меѓу двете земји за следниот програмски период 2021 - 2027 година. Македонските претставници на засегнатите страни - локалните и регионалните власти, организации, образовни институции, невладини организации од регионите во салата на Домот на АРМ во Струмица дебатираа за нивните потреби и мислења за новиот програмски период.

 

Јавна расправа за следниот програмски период - Благоевград

18.09.2019

На 17.09.2019 година, Управувачкиот орган на програмата за прекугранична соработка го започна процесот на подготвување на Програмата за прекугранична соработка помеѓу двете држави за следниот програмски период 2021 - 2027 година со одржување јавна расправа во салата “22 септември” вo зградата на општинската администрација Благоевград во Благоевград со претставници на сите заинтересирани страни - локални и регионални власти, образовни институции, невладини организации и пошироката јавност на територијата на целните региони од Република Бугарија.

 

Pages

Subscribe to Вести