Интеррег волонтерска младина - Interreg Volunteer Youth (IVY)

10.12.2019

Интеррег волонтерска младина - Interreg Volunteer Youth (IVY) е иницијатива за поддршка на Програми и проекти на Интеррег. Промовирана од Генералниот директорат за регионална и урбана политика на Европската комисија и управувана од Здружението на европски гранични региони (AEBR), IVY овозможува вклучување на младите луѓе во проекти од Европската територијална соработка. Корисниците на Интеррег проектите можат да бидат домаќини на волонтерот за поддршка, промовирање и известување за достигнувањата од соработката. Волонтерот ќе биде дел од вашиот тим, ќе донесе нови идеи и ќе помогне во реализирање на проектот и рекламирање на неговите резултати. Секое учество на волонтерот е од минимум 2 до максимум 6 месеци. Постапката за аплицирање е едноставна и AEBR ги наоѓа кандидатите благодарејки на партнерството со Европскиот корпус на солидарноста (European Solidarity Corps). AEBR финансиски го поддржува волонтерот, го покрива осигурувањето и му помага на волонтерот да се пресели. Од март 2017 година, скоро 400 волонтери се придружија на IVY , придонесувајќи за видливоста на проектите на Интеррег низ цела Европа.

Следете ги нивните приказни: https://www.interregyouth.com/blog.

 

Целта на IVY е да го направи повидлив Интеррег и солидарната димензија кај граѓаните на ЕУ и да ја зголеми свеста за своите проекти.

За да дознаете повеќе, контактирајте преку  ivy@aebr.eu.

 

Website: https://www.interregyouth.com/

Facebook: https://www.facebook.com/InterregYouth

Twitter: https://twitter.com/InterregYouth

Instagram: https://www.instagram.com/interregvolunteer/

 

 

Facebook icon
Twitter icon