ИНФОРМАЦИЈА ЗА БЕНЕФИЦИЕНТИТЕ на Interreg ИПА програмите во врска со состојбата со коронавирусот COVID-19

13.03.2020

Почитувани партнери по проектите,

Би сакале да Ве увериме дека нашиот приоритет е благосостојбата и безбедноста на сите Вас и затоа ги даваме овие информации за да Ви помогнеме да се подготвите и да одговорите на состојбата што се развива во врска со COVID-19 со цел  спречување и борба против оваа болест.

Силно Ви препорачуваме стриктно да ги следите мерките преземени на ниво на ЕУ, на национално и регионално ниво и да ги спроведувате. Редовно бидете информирани за новите мерки што ги предлагаат релевантните органи и спроведувајте ги.

Кога ситуацијата со епидемијата на COVID -19 длабоко влијае на имплементација на Вашиот проектот, ние Ви препорачуваме да ги преземете соодветните мерки, како што е например - прегледување на планираните проектни активности за да видите кои активности можат да бидат одложени за подоцнежен датум.  Доколку некој настан треба да биде откажан, одложен или ако партнерите / засегнатите страни не можат да присуствуваат од причини споменати погоре или од други оправдани медицински состојби, препорачуваме да размислите заедно со партнерите кои учествуваат во проектот,  дали  настанот може да се реализира со други средства, например видео-конференциските врски се соодветна опција, со цел да се минимизира влијанието на оваа епидемија врз работниот план. Ве молиме, останете во контакт со Заедничкиот секретаријат во врска со какви било промени што може да ги предизвика ситуацијата со епидемијата COVID -19 во Вашиот проект.

Веруваме дека нашите заеднички напори ќе помогнат да ја преминеме оваа вонредна состојба.

Ве молиме, строго следете ги мерките што ги препорачуваат здравствените власти и водете сметка за себе!

Facebook icon
Twitter icon