Во врска со измената на чл. 68a од Регулативата (ЕУ) № 1303/2013 на Европскиот парламент и на Советот и измените делегирани во Регулатива (ЕУ) № 481/2014 на Комисијата во врска со третманот на трошоците за персонал за финансираните проекти, беше извршена промена во соодветните текстови на Насоките за аплицирање за вториот Повик за проектни предлози. Промените на применливите барања важат кога персоналот на проектот ќе биде вработен со скратено работно време.
Со одлука на Заедничкиот комитет за следење на Interreg - ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија - Македонија од 17 јануари 2019 година беше изменета постапката за жалба по оценката на квалитетот и селекцијата на проектни предлози од вториот повик. Измените се во т. 2 "Жалба по техничката оценка и оценка на квалитетот" на Анекс 3 "Постапка за жалба" кон Упатството за аплицирање.
На 17 јануари 2019 во Берово се одржа Шестата седница на Заедничкиот комитет за следење на Interreg - ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија-Македонија, кофинансирана од Инструментот за претпристапна помош на ЕУ. Седницата беше претседавана од страна на Мјелма Мехмети - Петерсен, Министерство за локална самоуправа на Република Македонија и ко-претседавана од Деница Николова, заменик-министер за регионален развој и јавни работи на Република Бугарија.