Втор повик

Шеста седница на Заедничкиот комитет за следење на Interreg - ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија - Македонија 2014-2020

18.01.2019

На 17 јануари 2019 во Берово се одржа Шестата седница на Заедничкиот комитет за следење на Interreg - ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија-Македонија, кофинансирана од Инструментот за претпристапна помош на ЕУ. Седницата беше претседавана од страна на Мјелма Мехмети - Петерсен, Министерство за локална самоуправа на Република Македонија и ко-претседавана од Деница Николова, заменик-министер за регионален развој и јавни работи на Република Бугарија.

Седница на Заедничкиот комитет за следење

07.01.2019

На 17 јануари 2019 година во Берово, Република Македонија ќе се одржи седница на Заедничкиот комитет за следење на Interreg – ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија - Македонија 2014-2020.

На седницата ќе се разгледа напредокот во спроведувањето на Interreg – ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија - Македонија 2014-2020 и резултатите од техничката евалуација и оценка на квалитетот на проектите добиени во рамките на вториот повик за проектни предлози.

ВТОРИОТ ПОВИК ЗА ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ Е ЗАТВОРЕН - Добиени се вкупно 162 предлог проекти

11.05.2018

Поднесувањето на предлог проектите во рамките на Вториот повик за предлог проекти на Interreg - ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Бугарија и Македонија 2014-2020 заврши денес на 11 мај 2018 година во 17 часот по бугарско време (ЕЕТ - источно европско време).

КРАЈНИ РОКОВИ - втор повик за предлог проекти

02.05.2018

Крајниот рок за поднесување на предлог проектите е 11 мај 2018 год., 17:00 час. локално бугарско време (EET).

ВАЖНО!

27.03.2018

ВАЖНО!

  Барањата за регистрација за електронско доставување на проектни предлози во рамките на Вториот повик можат да се поднесат најдоцна до 17:00 часот. локално бугарско време (ЕЕТ) на 08 мај 2018 година на следната адреса:

Форум за пронаоѓање на партнери во рамките на вториот повик за проектни предлози - Делчево

08.03.2018

Форум за пронаоѓање на партнери во рамките на вториот повик за проектни предлози - Делчево

 

 

Датум:   14 март 2018 (среда)

Град:     Делчево, Македонија

Место:  Ресторан “Либеро” - Делчево

 

Форум за пронаоѓање на партнери во рамките на вториот повик за проектни предлози

08.03.2018

Заедничкиот секретаријат на Interreg-ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија - Македонија 2014-2020 со задоволство ги поканува сите заинтересирани организации и поединци да земат учество во Форумот за пронаоѓање на партнери, кој ќе се одржи на 14 март 2018 (среда), во Ресторан "Либеро" во  Делчево, Република Македонија, со почеток од  11:00 часот по македонско време (CET).

Pages

Subscribe to Втор повик