Вести

Прашања и одговори по Прв повик за проектни предлози на Интерег-ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија-Македонија

16.10.2015

Прв Повик за проектни предлози на Интерег-ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија-Македонија

Листата "Прашања и одговори" ќе биде редовно ажурирана со нови прашања и одговори.

Листата "Прашања и одговори" обновена на 15-ти октомври 2015 можете да ја најдете ТУКА. 

 

Информативна кампања за Првиот повик за поднесување на проектни предлози по Програмата за прекугранична соработка Интерег - ИПА Бугарија - Македонија 2014-2020

15.10.2015

Заедничкиот секретаријат на Програмата за прекугранична соработка Интеррег - ИПА Бугарија-Македонија има задоволство да ги покани сите заинтересирани лица да земат учество на информативните денови во врска со Првата покана за проектни предлози  планирани да се одржат на територијата на Република Бугарија во периодот 23.10. 2015 - 27.10.2015 година, по следниот распоред:

Прв Повик за проектни предлози на Програмата Интерег-ИПА за прекугранична соработка Бугарија-Македонија

23.09.2015

Министерството за регионален развој и јавни работи на Република Бугарија

(Управувачки орган на Програмата)

во соработка со

Министерството за локална самоуправа на Република Македонија

(Национален орган на Програмата)

 

Европски Ден на Соработка 2015

14.09.2015

На 12 септември 2015 година во организација на Програмата за прекугранична соработка помеѓу Бугарија и Македонија и Програмата за прекугранична соработка помеѓу Бугарија и Србија се одржа прослава на Европскиот ден на соработка 2015. Прославата се одржа на платото пред Драмскиот театар во Ќустендил, Република Бугарија.

Истражување за учесниците во програмата: Вашето мислење е важно!

21.08.2015

Управувачкиот орган на Интеррег- ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија - Македонија за периодот 2014 - 2020 љубезно Ве кани да учествувате во онлајн анкетата за утврдување на основните вредности na квалитативните програмски показатели на резултати.

Ве молиме  да пополните по  еден прашалник за секој показател на резултат.

Прашалниците се достапни на линковите наведени  подолу, и тоа:

Европската Комисија ја одобри новата Интеррег - ИПА Прекугранична програма CCI2014TC16I5CB006

06.08.2015
лого

The Programme focuses on measures aiming at mitigating the effects of climate change and at addressing issues related to the conservation of nature and biodiversity, the sustainable use of natural resources, environmental protection and risk management at cross-border level.

Првата верзија на Насоките за аплицирање за Програмата за прекугранична соработка на Инструментот за претпристапна помош ИПА II помеѓу Република Бугарија и Република Македонија за периодот 2014-2020 година е објавена за јавна расправа

22.04.2015

Првата верзија на Насоките за аплицирање за Програмата за прекугранична соработка ИПА II помеѓу Република Бугарија и Република Македонија е на располагање за јавна расправа. Потенцијалните кандидати, како и други заинтересирани организации и поединци, се поканети да ги испратат своите предлози и коментари до 20 мај 2015 година на следнава електронска адреса: jtsipakyustendil@gmail.com.

 

Важни забелешки:

Заедничката работна група го одобри конечниот нацрт документ на ИПА Програмата за прекугранична соработка 2014-2020

21.08.2014

Финалниот состанок на Заедничката Работна Група за подготовка на ИПА Програмата за прекугранична соработка 2014-2020 се одржа на 21 август 2014 во “Best Western City Hotel”, Софија, Бугарија. Сесијата на ЗРГ беше насочена кон финализирање и одобрување на документот на програмата.

Трет состанок на Заедничката Работна Група за подготовка на Програмата за ИПА прекугранична соработка помеѓу Бугарија и Македонија 2014-2020

05.08.2014

Финалниот  состанок на на Заедничката Работна Група за подготовка на ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Бугарија и Македонија 2014-2020 ќе се одржи на 21 август 2014 година во Софија, Бугарија.

Главната тема на агендата ќе биде презентација на финалниот нацрт на ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Бугарија и Македонија 2014-2020  и презентација на  the Ex-ante and SEA findings and conclusions  за ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Бугарија и Македонија 2014-2020.

Pages

Subscribe to Вести