Истражување за учесниците во програмата: Вашето мислење е важно!

21.08.2015

Управувачкиот орган на Интеррег- ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија - Македонија за периодот 2014 - 2020 љубезно Ве кани да учествувате во онлајн анкетата за утврдување на основните вредности na квалитативните програмски показатели на резултати.

Ве молиме  да пополните по  еден прашалник за секој показател на резултат.

Прашалниците се достапни на линковите наведени  подолу, и тоа:

Прашалник 1 – Показател на резултат 1.1.1: Подобрена способност за заштита на животната средина и одржливо искористување на заедничките природни ресурси" -http://lime.sigma-hat.com/index.php/515287

 

Прашалник 2 - Показател за резултат 2.2.1: Зголемено ниво на заеднички и интегрирани пристапи кон одржлив развој на туризмот во прекуграничниот регион“ – http://lime.sigma-hat.com/index.php/678664

Прашалник 3 - Показател за резултат 2.3.1: ”Зголемена јавна свест за одржливо искористување на природното и културното наследство и ресурсите“ –http://lime.sigma-hat.com/index.php/538599

 

Прашалник 4 - Показател за резултат 3.1.2: “Зголемена информираност за можностите за бизнис во регионот“ –  http://lime.sigma-hat.com/index.php/275755

 

Овие показатели ќе се користат за следење на постигнувањето на посебните цели на програмата во текот на целиот период на спроведување на програмата и затоа Вашиот придонес ќе биде многу важен.

Ве молиме имајте предвид дека со цел да ви ја олесниме достапноста на англиските прашалници тие се преведени на националните јазици. Пред да започнете со одговарањето Ве молиме изберете ја подобрата алтернатива за вас.

Однапред Ви благодариме за соработката. Ако имате било какви прашања ве молиме не двоумете се да контактирате со нас.

Тим на УО

Facebook icon
Twitter icon