Вести

Листа на потенцијални кандидати кои бараат партнер - АКТУЕЛИЗИРАНА

05.01.2016

Прв Повик за проектни предлози на Интерег-ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија-Македонија

Листа на потенцијални кандидати кои бараат партнер по Приоритетни оски:

1. ЖИВОТНА СРЕДИНА - меки проекти

2. ЖИВОТНА СРЕДИНА - инвестициски проекти

Актуелизирани прашања и одговори по Првиот повик ДЕЛ IV - од 06.11.2015 до 23.11.2015 година

07.12.2015

Прв Повик за проектни предлози на Интерег-ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија-Македонија

Листата "Прашања и одговори" ќе биде редовно ажурирана со нови прашања и одговори.

Листата "Прашања и одговори" со прашањата поставени од 6-ти ноември 2015 до 23-ти ноември 2015 година можете да ја најдете ТУКА. 

 

Актуелизирани прашања и одговори по Првиот повик ДЕЛ III - од 28.10.2015 до 05.11.2015 година

26.11.2015

Прв Повик за проектни предлози на Интерег-ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија-Македонија

Листата "Прашања и одговори" ќе биде редовно ажурирана со нови прашања и одговори.

Листата "Прашања и одговори" со прашањата поставени од 28-ми октомври 2015 до 5-ти ноември 2015 година можете да ја најдете ТУКА. 

 

ВАЖНО!!! Пакетот за аплицирање за Првиот повик е изменет

17.11.2015

ВАЖНО !!!  Пакетот за аплицирање за 1-виот повик за проектни предлози во рамките на ИНТЕРРЕГ - ИПА Програмата за прекугранична соработка, 2014TC16I5CB006-2015-1, објавен на 23 септември 2015 година е изменет.

Документот за измена и корегираните документи може да ги најдете ТУКА: zip.gifCorrigendum_and_AF_7116.zip (986.08 KB)

Успешно заврши Информативната кампања со Форумот за пронаоѓање на партнери во Сандански

13.11.2015

Форумот за пронаоѓање на партнери по Првиот повик за проектни предлози се одржа на 12-ти ноември 2015 година во Сандански, Бугарија. Повеќе од 120 учесника од Бугарија и Македонија присуствуваа на настанот. Целта на Форумот беше да им се овозможи на организациите кои сакаат да поднесат  проектни предлози по  Програмата за прекугранична соработка Интерег-ИПА Бугарија-Македонија, но немаат создадени партнерски односи, да воспостават контакти со потенцијални партнери.

Завршија информативните денови за Првата покана по новата Програма 2014-2020

03.11.2015

Успешно заврши серијата на информативни денови за потенцијални кандидати за првиот Повик за проектни предлози на Програмата за прекугранична соработка Интеррег-ИПА Бугарија-Македонија.

Обуките се одржаа според следниов распоред:

Форум за пронаоѓање на партнери во град Сандански, во рамките на Првиот повик за проектни предлози

03.11.2015

Заедничкиот секретаријат на Програмата за прекугранична соработка Интерег-ИПА Бугарија-Македонија има задоволство да ги покани сите заинтересирани организации да земат учество во Форумот за пронаоѓање на партнери, кој ќе се одржи на 12.11.2015 год. (четврток), во Земјоделска професионална гимназија "Климент Тимирјазев ", град Сандански,  ул." Ѓорѓи Казепов " бр.1, Република Бугарија, со почетен час на регистрација 13:00 часот (бугарско време).

Информативна кампања за Првиот повик за поднесување на проектни предлози по Програмата за прекугранична соработка Интерег - ИПА Бугарија - Македонија на територија на Република Македонија

23.10.2015

Заедничкиот секретаријат на Програмата за прекугранична соработка Интеррег - ИПА Бугарија-Македонија има задоволство да ги покани сите заинтересирани лица да земат учество на информативните денови во врска со Првата покана за проектни предлози  планирани да се одржат на територијата на Република Македонија во периодот 28.10. 2015 - 30.10.2015 година, по следниот распоред:

Pages

Subscribe to Вести