Трета седница на Заедничкиот комитет за следење на Програмата за прекугранична соработка Interreg - ИПА Бугарија - Македонија

23.06.2016

На 23 јуни 2016 година во Ќустендил, Република Бугарија се одржа третата седница на Заедничкиот комитет за следење на Програмата за прекугранична соработка Interreg - ИПА Бугарија - Македонија, на која беа одобрени првите проекти кои ќе бидат финансирани од програмата.

Поради зголемен интерес кон програмата и високите резултати на значителен број од добиените предлог проекти, Заедничкиот комитет за следење одлучи да се обезбеди дополнителен финансиски ресурс во износ од 3 357 419 евра предвиден за 2018 година.

Вкупниот број на одобрените проекти е 44 и тие се распределени во три главни оски - мерки поврзани со подобрување на животната средина, поддршка на развојот на туризмот, подобрување на конкурентноста на прекуграничниот регион со вкупна вредност од 10 134 755,05 евра.

Главната стратешка цел на Програмата и одобрените проекти е зајакнување на прекуграничната соработка помеѓу луѓето и институциите во регионот со цел заедничко справување со заедничките предизвици и користење на неискористениот потенцијал за развој на прекуграничниот регион преку ефикасно користење на ресурсите.

Во следните месеци претстои потпишувањето на договорите за финансирање и почеток на имплементација на одобрените проекти за финансирање кои ќе придонесат со своите активности за подобрување на животната средина, поддршка на развојот на туризмот и подобрување на конкурентноста на прекуграничниот регион.

Повеќе информации можете да најдете на интернет страницата на програмата или на интернет страната на МРРБ во делот програми за европско територијална соработка, како и на интернет страната на Министерството за Локална Самоуправа.

 

Списокот на одобрените проекти може да го најдете ТУКА 

 

Facebook icon
Twitter icon