Оценка на влијанието на ИПА Програмите за прекугранична соработка 2007-2013

21.12.2016
Оценка на влијанието на ИПА Програмите за прекугранична соработка  2007-2013

Во 2016 година, Министерството за регионален развој и јавни работи додели  договор за услуги за надворешно вршење на оценка на влијанието на ИПА Програмите за прекугранична соработка  2007-2013, раководени од страна на Република Бугарија.

Оценувањето беше извршено во периодот април - ноември 2016 од страна  на Бугарска консултантска организација ДОО и обезбеди анализа на нивото на учинокот на остварување на програмите и индикаторите на резултатите и нивната усогласеност со предвидените цели на програмите, како и спроведување на темелна анализа на долгорочните влијанија на програмите,  интервенции и компаративна анализа на програмиските влијанија.

Конечниот извештај на  Оценката на влијанието и Прирачникот на добри практики на проектите се во прилог.

Наодите во оценката, заклучоците и областите на препораките во однос на трите ИПА програми за прекугранична соработка (2007-2013) беа презентирани на манифестацијата на затворање, која  се одржа на 9 декември 2016 година.

Facebook icon
Twitter icon