Заврши Информативната кампања по вториот повик за проектни предлози

27.02.2018

Успешно заврши Информативната кампања со информативни денови за потенцијални кандидати по вториот повик за проектни предлози на  Interreg-ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија-Македонија. Целта на спроведените обуки беше да се разјаснат на потенцијалните кандидати основните барања за развој на проектен предлог и да им бидат дадени практични совети за подготовка на сите документи за апликација, вклучувајки го и  буџетот.

Информативните денови за потенцијални кандидати беа резлизирани на следните дати и места:

  • на 14-ти февруари 2018 год. во Ќустендил;
  • на 15-ти февруари 2018 год. во Благоевград;
  • на 20-ти февруари 2018 год. во Струмица;
  • на 21-ви февруари 2018 год. во Штип;
  • на 22-ри февруари 2018 год. во Куманово.

Обуките беа организирани и спроведени од Заедничкиот секретаријат во соработка со Управувачкиот Орган на Програмата - Дирекцијата "Управување на територијалната соработка", Министерство за регионален развој и јавни работи на Република Бугарија и Министерството за локална самоуправа на Република Македонија.

На Информативните денови присуствуваа над  400 учесници, меѓу кои претставници на регионални администрации, општини, НВО, културни и образовни институции.

 

Facebook icon
Twitter icon