Осми состанок на Заеднички комитет за следење

23.11.2021

Осмиот состанок на Заедничкиот комитет за следење во рамките на INTERREG - ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија 2014-2020 година беше одржан онлајн на 23 ноември 2021 година.

На средбата беше разгледан напредокот во имплементацијата за периодот 2014-2020 година и подготовката на идната програма за прекугранична соработка меѓу двете земји за програмскиот период 2021-2027 година.
На дневен ред на состанокот беше вклучена и презентација на предлогот за измена на правилата за подобност на трошоците за техничката помош на програмата.

Facebook icon
Twitter icon