Ден на европската соработка 2018 во село Рибново, Бугарија

25.09.2018

На 21 септември 2018 година министерството за регионален развој и јавни работи на Република Бугарија (Управувачки орган на Interreg - ИПА Програма за прекугранична соработка Бугарија - Македонија) и општина Грмен го одбележаа Денот на европската соработка со фолклорен фестивал "Заедничките граници не прават поблиски" во село Рибново, општина Грмен, Република Бугарија.

Идејата за овогодинешното одбележување беше претставување на фолклорот и културното наследство на двете земји преку музика, танц и изведување на специфични обичаи и традиции. Фестивалот и овозможи на јавноста да се запознае со бугарскиот и македонскиот фолклор. Во рамките на фестивалот беше отворено обновеното читалиште "Изгрев" во село Рибново по проект CB006.1.21.001 - "Развој на туризмот во прекуграничниот регион Босилово - Грмен со одржување на локалните културни традиции" и изложбата на музички инструменти и народни носии. Меѓу гостите беа и градоначалниците на општините Босилово, Василево и Радовиш, како и повеќе посетители од Македонија.

 

Facebook icon
Twitter icon