ОТКАЖУВАЊЕ НА ТЕНДЕРСКА ПОСТАПКА:„Хортикултурно и партерно уредување на околината околу манастирот „Свети Леонтиј“ во село Водоча, Струмица и манастирските живеалишта“

30.12.2019

ОТКАЖУВАЊЕ НА ТЕНДЕРСКА ПОСТАПКА:„Хортикултурно и партерно уредување на околината околу манастирот „Свети Леонтиј“ во село Водоча, Струмица и манастирските живеалишта“

Референтен број: CB006.2.21.143 - PP1/04


 

 

1.       Референтен број:

CB006.2.21.143 - PP1/04

 

2.       Дата на објавување:

10.12.2019

 

3.       Име на програмата:

Interreg - ИПА Програма за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија 2014-2020, CCI 2014TC16I5CB006

 

4.       Договорен орган:

Општина Струмица

 

5.       Причина за откажување

Според информациите и критериумите утврдени во тендерските документи, т.е. упатство за понудувачите:

 

Точка 3. Инспекција на лице место

Задолжителна посета на локацијата на отеренот ќе се одржи на 13.12.2019 година (12,00 часот, по локално време). Собирањето ќе биде во општинската зграда (ул. „Благој Јанков-Мучето“ бр.37 (Дом АРМ)  Струмица. Претставник на општината ќе направи список за присуства со понудувачите кои ке присуствуваат на посетата на теренот.

Опис:
Според барањата, посетата на теренот беше задолжителна. Поради технички и административни проблеми, посетата на локацијата - теренот не се одржа. Од таа причина, договорниот орган, т.е. Општина Струмица, одлучи да ја откаже тендерската постапка.

Договорниот орган ќе започне со нова тендерска постапка за овој проект, со нов сет на тендерски документи (тендерско досие) што ќе биде објавен на интернет страната на програмата и општината.
 

 

 

Facebook icon
Twitter icon