Квиз - Ден на европската соработка 2022

12.09.2022

Во пресрет на Денот на европската соработка 2022 година, подготвивме празничен квиз!

 

За да учествувате, кликнете  Т У К А 

или на иконата подолу

  

Ви посакуваме успех!

 

 

Правила за одржување на онлајн квиз по повод Денот на европската соработка 2022

 

Квизот содржи 10 прашања за Европската територијална соработка и нашата програма и секој учесник може да го тестира своето ниво на знаење со учество во играта.

Ќе биде активен од датумот на објавување до 23.59.59 часот на 20 септември 2022 година.

 

Што е важно да знаете за учеството во играта:

  1. Секој учесник е должен да се регистрира со валидна е-маил адреса, преку која организаторите ќе можат да го контактираат во случај на победа во играта;
  2. Регистрацијата за играта е еднократна;
  3. Вработените кои работат во INTERREG програмите не можат да се натпреваруваат за наградите;
  4. Времето на одговарање е 3 минути;
  5. Прашањата имаат само еден точен одговор;
  6. Секој точен одговор добива 5 поени;
  7. Вкупниот број на поени се визуелизира со притискање на копчето „Finish*“ по последното 10-то прашање;
  8. Во случај на нерешен резултат помеѓу двајца или повеќе учесници, победник ќе биде учесникот кој одговорил најбрзо. Во случај на повторен нерешен резултат ќе важи правилото „Прв учествувал, прв победил“;
  9. Учесникот кој остварил најмногу поени ќе добие награда;
  10. Победникот ќе биде објавен за време на настанот Отворен ден по повод Денот на европската соработка 2022 на 21 септември 2022 година и на Facebook и веб-страницата на програмата.

Facebook icon
Twitter icon