Форум за пронаоѓање на партнери во рамките на првиот повик за аплицирање со проектни концепти

02.06.2023

Оперативната единица на Територијална стратегија на Програмата Interreg VI-A ИПА Бугарија - Северна Македонија 2021-2027 со задоволство ги поканува сите заинтересирани организации и поединци да земат учество во Форумот за пронаоѓање на партнери, кој ќе се одржи на 06 јуни 2023 год. (вторник), во сала „22 Септември“, плоштад Георги Измирлиев – Македонче 1, 2700 Благоевград, Република Бугарија, со почеток од 13:30 часот по бугарско време (EET).

GPS локација: 23CW+PX Blagoevgrad   /   42.02254604547633, 23.09735748465754

 

Настанот дава можност на организации кои сакаат да поднесат проектни концепти по првиот повик за аплицирање со проектни концепти, но немаат создадени партнерски односи, да воспостават контакти со партнери од другата држава, со цел остварување на идни партнерства и заеднички активности.

Настанот ќе ги претстави главните принципи на партнерство и предусловите за успешна и плодна соработка. Покрај тоа, учесниците ќе имаат можност да ги претстават своите проектни идеи и да добијат дополнителни насоки за тоа како да ги подобрат.

 

Поради ограниченост на местата, регистрацијата е задолжителна. Сите заинтересирани страни можат да се регистрираат до 05 јуни 2023 година преку следниот ФОРМУЛАР ЗА РЕГИСТРАЦИЈА.

Вашата регистрација ќе биде примена врз основа на принципот "прва пристигната – прва потврдена". Ако максималниот капацитет е достигнат пред крајниот рок, регистрацијата ќе се прекине.

 

ФОРМУЛАРОТ ЗА РЕГИСТРАЦИЈА може да се најде ТУКА

 

Го очекуваме вашето присуство!

Facebook icon
Twitter icon