Interreg - IPA програма за прекугранична соработка CCI2014TC16I5CB006
Published on Interreg - IPA програма за прекугранична соработка CCI2014TC16I5CB006 (http://www.ipa-cbc-007.eu)

Почеток > Форум за пронаоѓање на партнери во рамките на првиот повик за аплицирање со проектни концепти

Форум за пронаоѓање на партнери во рамките на првиот повик за аплицирање со проектни концепти

02.06.2023

Оперативната единица на Територијална стратегија на Програмата Interreg VI-A ИПА Бугарија - Северна Македонија 2021-2027 со задоволство ги поканува сите заинтересирани организации и поединци да земат учество во Форумот за пронаоѓање на партнери, кој ќе се одржи на 06 јуни 2023 год. (вторник), во сала „22 Септември“, плоштад Георги Измирлиев – Македонче 1, 2700 Благоевград, Република Бугарија, со почеток од 13:30 часот по бугарско време (EET).

GPS локација: 23CW+PX Blagoevgrad [1]   /   42.02254604547633, 23.09735748465754 [1]

 

Настанот дава можност на организации кои сакаат да поднесат проектни концепти по првиот повик за аплицирање со проектни концепти, но немаат создадени партнерски односи, да воспостават контакти со партнери од другата држава, со цел остварување на идни партнерства и заеднички активности.

Настанот ќе ги претстави главните принципи на партнерство и предусловите за успешна и плодна соработка. Покрај тоа, учесниците ќе имаат можност да ги претстават своите проектни идеи и да добијат дополнителни насоки за тоа како да ги подобрат.

 

Поради ограниченост на местата, регистрацијата е задолжителна. Сите заинтересирани страни можат да се регистрираат до 05 јуни 2023 година преку следниот ФОРМУЛАР ЗА РЕГИСТРАЦИЈА [2].

Вашата регистрација ќе биде примена врз основа на принципот "прва пристигната – прва потврдена". Ако максималниот капацитет е достигнат пред крајниот рок, регистрацијата ќе се прекине.

 

ФОРМУЛАРОТ ЗА РЕГИСТРАЦИЈА може да се најде ТУКА [2]

 

Го очекуваме вашето присуство!

Веб страната е кофинансирана од ЕУ преку Програмата за прекугранична соработка ИНТЕРРЕГ - ИПА Бугарија-Македонија.
Оваа публикација е создадена со помош на Европската унија. За содржината на публикацијата целосно е одговорно Министерството за регионален развој и јавни работи на Република Бугарија и на никаков начин не може да се смета дека содржината ги одразува ставовите на Европската унија.


Source URL: http://www.ipa-cbc-007.eu/mk/2021-2027-integrated-territorial-stategy-news/forum-za-pronaogjanje-na-partneri-vo-ramkite-na-prviot

Links
[1] https://www.google.com/maps/place/%D0%97%D0%B0%D0%BB%D0%B0+%2222-%D1%80%D0%B8+%D0%A1%D0%B5%D0%BF%D1%82%D0%B5%D0%BC%D0%B2%D1%80%D0%B8%22/@42.0218606,23.0974004,15z/data=!4m6!3m5!1s0x14aaf60839237019:0xfe1371580c8e57e8!8m2!3d42.0218606!4d23.0974004!16s%2Fg%2F11c6c9jdp1?entry=ttu
[2] https://forms.gle/SqZV5CcWXvU155ci7