Interreg - IPA програма за прекугранична соработка CCI2014TC16I5CB006
Published on Interreg - IPA програма за прекугранична соработка CCI2014TC16I5CB006 (http://www.ipa-cbc-007.eu)

Почеток > Дискусија за Извештајот за стратегиска оцена на животната средина на програмата 2021 - 2027

Дискусија за Извештајот за стратегиска оцена на животната средина на програмата 2021 - 2027

21.01.2022

Министерството за регионален развој и јавни работи, како Управувачки орган (УО) на INTERREG ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија за програмскиот период 2021-2027 година на 20 јануари 2022 година преку Webex  платформата организираше дискусија за  за Извештајот за стратегиска оцена на животната средина на програмата и за Територијалната стратегија за интегрирани мерки.

На дискусијата присуствуваа над 45 претставници на регионални и општински администрации, културни институции, невладини организации и други засегнати страни од Бугарија. Директорот на Дирекцијата за управување со територијална соработка, г-ѓа Десислава Георгиева, одржа презентација со информации за процесот на програмирање на новата програма, карактеристиките на новата програма и следните чекори, а претставникот на изведувачот, г-ѓа Рајна Георгиева, даде информации за Извештајот за стратегиска оцена на животната средина на програмата и Територијалната стратегија за интегрирани мерки.

На крајот од дискусијата, сите засегнати страни земаа учество со своите видувања.

 

Презентацијата на г-ѓа Десислава Георгиева можете да ја најдете ТУКА [1]

Презентацијата на г-ѓа Рајна Георгиева можете да ја најдете ТУКА [2]

 

 

 

 

Files: 
PDF icon presentation_20.01.22.pdf [1]
PDF icon deo_bg-nmk.pdf [2]

Веб страната е кофинансирана од ЕУ преку Програмата за прекугранична соработка ИНТЕРРЕГ - ИПА Бугарија-Македонија.
Оваа публикација е создадена со помош на Европската унија. За содржината на публикацијата целосно е одговорно Министерството за регионален развој и јавни работи на Република Бугарија и на никаков начин не може да се смета дека содржината ги одразува ставовите на Европската унија.


Source URL: http://www.ipa-cbc-007.eu/mk/2020-sea-report-news/diskusija-za-izveshtajot-za-strategiska-ocena-na-zhivotnata-sredina-na

Links
[1] http://www.ipa-cbc-007.eu/sites/ipacbc-bgmk-105.gateway.bg/files/presentation_20.01.22_1.pdf
[2] http://www.ipa-cbc-007.eu/sites/ipacbc-bgmk-105.gateway.bg/files/deo_bg-nmk_1.pdf