Прво заседание на Комитетот за следење во рамките на Програмата Interreg VI-A ИПА Бугарија - Северна Македонија 2021-2027

01.12.2022

На 6-ти декември 2022 година, во Струмица ќе се одржи 1-вата седница на Комитетот во рамките на Програмата Interreg VI-A ИПА Бугарија - Северна Македонија 2021-2027. Со состанокот ќе претседава г-дин Зоран Димитровски, заменик министер за локална самоуправа на Република Северна Македонија и копретседавана од г-ѓа Десислава Георгиева, заменик министер за регионален развој и јавни работи на Република Бугарија.

На присутните ќе им се обратат г-дин Ристо Пенов, министер за локална самоуправа на Република Северна Македонија, г-дин Костадин Костадинов градоначалник на општина Струмица и г-ѓа Габи Хагмулер, претставник на ГД Регио, Европска комисија.

За време на состанокот, членовите на Комитетот за следење ќе ги усвојат работните документи, ќе бидат информирани за напредокот во имплементацијата на актуелната Interreg VI-A ИПА Програма за прекугранична соработка и ќе бидат запознаени со новата програма Interreg VI-A ИПА 2021 - 2007.

На присутните ќе им биде презентиран и Апликациски пакет со Упатство за однапред дефинирани апликанти и критериуми за избор на операции по Првиот повик за предлог-програмски стратешки проект - изградба на граничниот премин „Берово - Струмјани“.

Facebook icon
Twitter icon