Се одржа 1-вата седница на Комитетот за следење во рамките на Програмата Interreg VI-A ИПА Бугарија - Северна Македонија 2021-2027

08.12.2022

На 6-ти декември 2022 година, во Струмица  се одржа 1-вата седница на Комитетот за следење во рамките на Програмата Interreg VI-A ИПА Бугарија - Северна Македонија 2021-2027. Со состанокот  претседаваше г-дин Зоран Димитровски, заменик министер за локална самоуправа на Република Северна Македонија и копретседаваше  г-ѓа Десислава Георгиева, заменик министер за регионален развој и јавни работи на Република Бугарија.

На присутните  им се обратија г-дин Ристо Пенов, министер за локална самоуправа на Република Северна Македонија, г-дин Костадин Костадинов градоначалник на општина Струмица и г-ѓа Габи Хагмулер, претставник на Европската комисија.

За време на состанокот, членовите на Комитетот за следење  го одобрија Упатството за аплицирање за стратешкиот проект од програмата за подготовка и изградба на граничниот премин лоциран меѓу општините Берово и Струмјани. Издвоените средства за овој нов граничен премин се над 9  милиони евра, а корисници ќе бидат Регионалната администрација Благоевград и Царинската управа на Северна Македонија.

Претходниот ден беше одржан основачкиот состанок на Стратегискиот одбор на Територијалната стратегија по Приоритет 3 „Интегриран развој на прекуграничниот регион“ на кој беше одобрена Територијалната стратегијата и беа избрани двајцата копретседатели на бордот - Илко Стојанов, градоначалник на Благоевград и Андреа Златковска, координатор во Центарот за развој на Источниот плански регион.

Facebook icon
Twitter icon