Инвестициски активности за поставување на енергетски ефикасно осветлување во селата Логодаж, Падеж, Зелен Дол и Покровник (набавка, испорака, инсталација на улични LED светла)

02.03.2017

Инвестициски активности за поставување на енергетски ефикасно осветлување во селата Логодаж, Падеж, Зелен Дол и Покровник (набавка, испорака, инсталација на улични LED светла)

 

Референтен број: РД-02-29-226-W1-PP1

 

 

 

 

Општина Благоевград има намера да додели договор за работа за обезбедување на енергетска ефикасност на уличното осветлување во 4 (четири) села на територијата на општина Благоевград, како што следува: с Логодаж, с Падеш, с Зелен Дол и с. Покровник. Главната работа ќе се состои од замена на старите светилки со нови енергетски ефикасни LED светла во горенаведените села во општина Благоевград, Република Бугарија, со финансиска помош од ИНТЕРРЕГ - ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија - Македонија 2014 - 2020, CCI2014TC16I5CB006.
Тендерското досие е достапно за преземање на  официјалниот сајт на општина  Благоевград www.blgmun.com , како и на официјалниот сајт  на програмата www.ipa-cbc-007.eu, Секција: Тендери. Тоа е исто така е достапна за увид во просториите на договорниот орган на адресата: пл. "Ѓорѓи Измирлиев" бр.1, 2700 Благоевград, Република Бугарија.

Понудите треба да бидат доставени со користење на стандарден образец на понудата кој е вклучен во тендерското досие, чија форма и инструкции треба стриктно да се почитуваат. комплетната тендерска документација (вклучувајќи и цртежи) е исто така достапна во CD формат  (кое може да се земе на рака или да биде испратено по брза пошта), врз основа на претходно поднесување на писмено барање испратено по факс или е-пошта (се наведува број на тендерот и назив, име, адреса и телефонски броеви за контакт тел и e-mail адреса на правното лице).

Комплетната тендерска документација во CD формат (вклучувајќи ги и цртежите) можат да бидат подигнати од општина Благоевград на следната адреса: пл. "Ѓорѓи Измирлиев" бр.1, 2700 Благоевград.

 

Крајниот рок за доставување на понудите е 31.03.2017 год. 17: 00 часот по локално време.

 

Тендерското досие е достапно ТУКА

 

Facebook icon
Twitter icon