СОУ ,,Ванчо Прке,,-Виница
Information about the organisation:
Почитувани,
Како што се договориве Ви ја доставувам личната карта на училиштето и проетната цел за која сме заинтересирани за партенр училиште од Бугарија во рамките на ИПА - програмата за прекугранична соработка со Бугарија.
Погледнете го документот и доколку има потреба од дополнителни податоци пишете ми.
Ви благодарам на помошта и соработката.
Поздрав
СОУ,, Ванчо Прке ,, Виница
Лична карта на училиштето
Средното општинско училиште ,,Ванчо Прке,, е со седиште Виница на ул.,,Димитар Влахов,, бр.2, тел.033 360 903, тел/фах 033 361 237. Училиштето се простира на вкупна површина во делот под зградата од 660 м2, помошна зграда со 506 м2 и со дворна површина од 14185 м2.Училиштето располага со наставни простории со вкупна површина од 1340м2, а во кругот на зградата има уредено фискултурно игралиште со вкупна површина од 1900м2.
Училиштето е на 10км одалечено од општина Кочани, што овозможува на голем број ученици своето средно образование од оваа општина и од околните места,да го оформат во ова училиште во гимназиското и во стручното образование (текстилна, машинска и сообраќајна струка).
Училиштето е основано со акт бр.01-2527 од15.07.1963г.СОУ ванчо Прке со досегашната работа придонесува во продукција на кадри способни да го продолжат своето образование , но и кадри способни директно да се вклучат во текстилната и машинската индрустија.
ОСНОВНИ ПОДАТОЦИ ЗА УЧИЛИШТЕТО
Име на училиштето Ванчо Прке
адреса, општина, место Ул. Димитар Влахов бр. 2- 2310 Виница
телефон 033/361-903
фах 033/361-237.
web http://www.souvancoprke.gov.mk/
е-маил vancoprke@yahoo.com
основано од 15.07 1963
Верификација- број на актот и
Година на верификација Гимназиско образование 09 – 2455/1 од 15.05.2004 г.
Текстилнo-кожарска струка:
- конфекционер 09-2359/2 од 27. 05. 2002 г.
-конфекциски техничар 12 –3057/7 од 15.05.2017 г.
-конфекциски ком. оператор 11 – 1371/8 од 03.04.2014
Машинска струка:
- машински техничар 09 – 2359/2 од 27.05.2002 г
- машинско – енергетски техничар 11-1371/10 од 03.04.2014
Сообраќајна струка:
- техничар за патен сообраќај 12 – 3057/6 од 09. 05. 2017 г.
Јазик на кој се изведува наставата македонски
Година на изградба 1963
Тип на градба Тврда градба
Површена на објектот 1257 m2
Површина на училшниот двор 14.185m2
Површина на спортски терени и игралишта 1900 m2
Спортсака сала и спортски терени за тенис, кошарка, фудбал. 1 спортска сала
2 спортски терени
Училиштето работи во смена Во една смена (прва)
Начин на загревање на училиштето парно на дрва
Број на класови 30
Број на ученици 502
Број на наставен и стручен кадар 62
Административно технички персонал 10
Раководен кадар 1 директор - Тихомир Тасев
Број на смени една смена
Статус на еко-училиште (зелено знаме, сребрено или бронзено ниво) Зелено знаме
Датум на добиен статус 2016.
Училиштето активно е вклучено во еколошките активности и веќе по трет пат го добива зеленото знаме кое значи прво место во остварување на еколошките критериуми и е симбол на ЕКО-УЧИЛИШТЕ. Поаѓајќи од потребата за континуирано одржување на еколошката средина во и надвор од училиштето како и потребата од користење на обновливи извори на енергија беше иницирана идејата за предлог проектот: „Преку енергетска ефикасност до побезбедна животна средина“, со фокус на проектната цел: „Зголемување на енергетската ефикасност на училишната зграда во СОУ„Ванчо Прке“- Виница“. Овој предлог проект е во согласност со заложбите на владата за обновливи извори на енергија и зголемување на енергетската ефикасност предвидено со Стратегијата за искористување на обновливите извори на енергија во РМ до 2020 год., а согласно потребите на училиштето за примена кон посовремени извори на енергија во кои ќе се подобри квалитетот на затоплувањето и ќе се намали потрошувачката на електрична енергија.
СОУ „Ванчо Прке“ Виница како училиште е занитересирано за апликација во ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Бугарија и Македонија – Iterreg – IPA CBC CC2014TC16I5CB006 www.ipa-cbc-007.eu на Приоритетната оска 1 „Животна средина“, Специфична цел 1.1. Заштита на животната средина и одржливо искористување на заедничките природни ресурси во регионот на ПГС.
Поаѓајќи од тоа училиштето има потреба од зголемување на енергетската ефикасност преку замена на котлите за парно греење со нови и поефикасни, замена на вратите на училниците и вградување на фотоволтаични панели.
За таа цел имаме потреба од соработка со партнер училиште од пограничниот регион во Бугарија од Ќустендилската и Благоевградската област кои би имале слични интереси и со кои ќе може заеднички да аплицираме за добивање на овој гранд кој изнесува од
100 000 – 400 000 евра.
Contact person:
Радмила Манчевска
E-mail:
Telephone:
075474626
Short description of the project idea:
Име на проектот ,,Преку енергетска ефикасност до побезбедна животна средина,,
Според Агенцијата за енергетика на Р. Македонија ,, порастот на потрошувачката на енергија во РМ во текот на последната деценија е двапати поголема.Причина за тоа е зголемувањето на индустриската активност,застарените технолошки средства и стара инфраструктура што драстично го забрзува неефикасното користење на енергија,,.Имајќи го во предвид сето ова сметаме дека овој проект ќе овозможи подобрување на топлинската и енергетската ефикасност наСОУ ,,Ванчо прке,,-Виница, со што ќе се создадат поеколошки услови за затоплување и заштеда во топлинската и електричната енергија.
Општа цел на проектот е ,, Придонес кон заштита на еколошката средина и подобрени услови за ефикасна реализација на воспитно-образовниот процес во училиштето,,.Со реализација на овој проект 70% од граѓаните кои живеат во околината на училиштето ќеискажат позитивен став со придонесот на училиштето во намалување на загадувањето во средината.Дополнително 70% од учениците и вработените ќе искажат позитивен став кон затоплување на училиштето и спортската сала. Покрај тоа за 30% ќе се зголемат слободните спортски активности во спортската сала во текот на грејната сезона.Согласно стратешките цели предвидени во Стратегијата за развој на енергетската ефикасностна РМ, нашата проектна цел ќе биде фокусирана на ,, Зголемување на енергетската ефикасност на училишната зграда во СОУ ,, Ванчо прке,,-Виница. Со смата реализација на оваа проектна цел ќе се намалат финансиските трошоци потребни за загревање и одржување на училишната зграда за 20%.Покрај тоа ќе бидат намалени и финансиските средства за електрична енергија за 30%, со што заштедените средства ќе може да се пренаменат кон унапредување и набавка на нови нагледни средства.