Заеднички активности за превенција од поплави во прекуграничниот регион

Код на проектот:CB006.1.12.042
Покана:CB006.1
Приоритет:1.2. Спречување на ризикот и ублажување на последиците од природните и предизвиканите од човекот опасности и непогоди во географскиот регион на ПГС
Вид на проектот:Investment
Времетраење на проектот (во месеци):18
Вредност на договорот:390745.79 €
Кофинансирање од ЕУ:85.00 %
Датум на започнување на проектот:17.10.2016
Датум на завршување на проектот:16.04.2018
Поле на интервенција:087 Мерки за адаптација кон климатските промени и управување со ризици кои се поврзани со климата, на пример ерозија, пожари, поплави, бури и суши, вклучително зголемување на информираноста, граѓанска заштита и системи за управување на непогоди и инфраструктура.
Резиме на проектот:

На територијата на партнерите во проектот - општина Ранковце и општина Бобов Дол е идентификуван заеднички проблем - честите поплави на реката Горештица во Бобов Дол и Голем Дол во Ранковце во лоши временски  услови, предизвикуваат проблеми и штети за населението на двете општини. Со проектот се предлага заеднички пристап за справување со ова прашање - слични инвестициски мерки на речните корита во општините и спроведување на кампањи за подигање на свеста кај децата согласно изработена заедничка стратегија и методологија за заштита на животната средина и за заштита од поплави.
Главниот резултат од проектот е: спроведување градежни работи на Голем Дол во општина Ранковце - Фаза 1 од км 0 + 000.00 до км 0 + 441,46, спроведување мерки за заштита од ризик од поплави и зголемена безбедност од поплавите во општина Ранковце; спроведување градежни работи на бреговите на реката Горештица - чистење на коритото на реката Горештица и поставување на потпорни ѕидови, спроведување мерки за заштита од ризик од поплави и зголемена безбедност од поплави во општината; подготовка на тријазична заедничка стратегија и методологија за заштита на животната средина и за заштита од поплави (на англиски, македонски и бугарски јазик) и кампањи за подигање на свеста кај децата во училиштата во Ранковце и Бобов дол.
Проектот може понатаму да се развива во последователни проекти за спречување на ризикот од поплави во другите делови од реките, а  исто така, и преку различни иницијативи од општинските политики за спречување на други видови на катастрофи - пожари, земјотреси, итн.

 

Партнери

Водечки партнер
Општина Ранковце
Североисточен регион
Партнер на проектот 2
Општина Бобов дол
Ќустендил