Размислуваме за компостирање - Посветени на одржување на органскиот синџир

Код на проектот:CB006.1.11.013
Покана:CB006.1
Приоритет:1.1. Заштита на животната средина и одржливо искористување на заедничките природни ресурси во регионот на ПГС
Вид на проектот:Soft
Времетраење на проектот (во месеци):15
Вредност на договорот:117164.41 €
Кофинансирање од ЕУ:85.00 %
Датум на започнување на проектот:17.10.2016
Датум на завршување на проектот:16.01.2018
Поле на интервенција:085 Заштита и подобрување на биолошката разновидност, заштита на природата и зелена инфраструктура
Резиме на проектот:

Целта на проектот е зголемување на јавната свест за заштита на животната средина и природните ресурси во преку-граничниот регион преку искористување на органскиот отпад од домаќинствата за да се создаде органско ѓубриво – компост. 
Со имплементација на проектот ќе се изработи промотивно видео со кое ќе се објасни и промовира концептот на компостирање (упатство за користење на контејнерите за компостирање и придобивките за домаќинствата). Видео материјалот снимен за време на подготовката на промотивното видео ќе се користи за да се произведе кратко соопштение на ТВ со кое ќе се повикаат домаќинствата од регионот кои се заинтересирани да аплицираат и да добијат компостери кои ќе бидат набавени со овој проект. Во рамките на проектот ќе се изработат и брошури кои ќе ги добие секој граѓанин кој ќе добие компостер, како и лицата кои ќе присуствуваат на проектните настани. Ќе се спроведат инфо денови каде што граѓаните кои ќе ги добијат компостерите i ќе бидат обучени за нивна употреба. Студиите што ќе се изработат во рамките на проектот ќе обезбедат информации за потенцијалите за компостирање во целиот преку-граничен регион.
Во целиот тек на имплементација на проектот општините од двата региони ќе бидат инволвирани и ќе бидат дел од процесите на обука, информирање за бенефитите од компостирање и поделба на компостерите помеѓу граѓаните. Овој проект се стреми да покаже дека зачувувањето на животната средина е еден од основните приоритети на регионот, искористување на органскиот отпад на начин со кој не само што ќе се намали загадувањето, туку ќе се подобри и квалитетот на земјата преку произведениот органски компост. Подигањето на јавната свест и примерот кој треба да се даде на граѓаните од регионот е основниот бенефит од овој проект.

 

Веб-страница на проектот:

www.composting-home.eu

 

Партнери

Водечки партнер
Центар за развој на Југоисточниот плански регион
Jугоисточен регион
Партнер на проектот 2
Здружение на Југозападни општини
Благоевград