Градење на инфраструктура за одржлив развој на туризмот

Код на проектот:CB006.1.21.207
Покана:CB006.1
Приоритет:2.1. Зголемување на туристичкиот потенцијал во регионот преку подобра заштита и одржливо користење на природното и културното наследство
Вид на проектот:Investment
Времетраење на проектот (во месеци):24
Вредност на договорот:499026.38 €
Кофинансирање од ЕУ:85.00 %
Датум на започнување на проектот:17.10.2016
Датум на завршување на проектот:16.10.2018
Поле на интервенција:075 Развој и промоција на туристички услуги во или за МСП
Резиме на проектот:

Главни резултати од проектот ќе бидат: изграден систем за водоснабдување во општина Берово, реконструирана парк инфраструктура во Сандански, генерирани  знаења  за подобрување на квалитетот на локалните туристички услуги и размена и соработка меѓу двете општини.
Главана цел на проектот се две инвестициски активности од кои еден е водоснабдителен систем на туристичката населба „Беровско езеро“ во општина Берово и реконструкција на два водни локалитети во паркот "Свети Врач" во Сандански. Проектот во општина Берово опфаќа изградба на водоснабдителен систем за целата туристичка населба кој вклучува: пречистителна станица, резервоар за вода и пумпна станица за довод на суровата вода од Беровско езеро до пречистителната станица.Со реализацијата на овој проект ќе се обезбеди генерирање на знаења за зголемување на квалитетот на туристичките услуги  и размена на знаења помеѓу двете погранични општини. Преку проектот ќе бида креирана мобилна апликација за промовирање на туристичките капацитети и содржини во двете општини и современ информативен пинкт "pop up promtion"  Како дел од проектните активности е предвидено организирање на семенари за генерирање на идеи за подобрување на туристичките услуги, информации и комуникациски активности.

Партнери

Водечки партнер
Општина Берово
Источен регион
Партнер на проектот 2
Општина Сандански
Благоевград