Заеднички активности за превенција од поплави во прекуграничниот регион
| Код на проектот: | CB006.1.12.042 |
| Покана: | CB006.1 |
| Приоритет: | 1.2. Спречување на ризикот и ублажување на последиците од природните и предизвиканите од човекот опасности и непогоди во географскиот регион на ПГС |
| Вид на проектот: | Investment |
| Времетраење на проектот (во месеци): | 18 |
| Вредност на договорот: | 390745.79 € |
| Кофинансирање од ЕУ: | 85.00 % |
| Датум на започнување на проектот: | 17.10.2016 |
| Датум на завршување на проектот: | 16.04.2018 |
| Поле на интервенција: | 087 Мерки за адаптација кон климатските промени и управување со ризици кои се поврзани со климата, на пример ерозија, пожари, поплави, бури и суши, вклучително зголемување на информираноста, граѓанска заштита и системи за управување на непогоди и инфраструктура. |
| Резиме на проектот: | На територијата на партнерите во проектот - општина Ранковце и општина Бобов Дол е идентификуван заеднички проблем - честите поплави на реката Горештица во Бобов Дол и Голем Дол во Ранковце во лоши временски услови, предизвикуваат проблеми и штети за населението на двете општини. Со проектот се предлага заеднички пристап за справување со ова прашање - слични инвестициски мерки на речните корита во општините и спроведување на кампањи за подигање на свеста кај децата согласно изработена заедничка стратегија и методологија за заштита на животната средина и за заштита од поплави.
|
ПартнериВодечки партнер Општина Ранковце Североисточен регион Партнер на проектот 2 Општина Бобов дол Ќустендил | |





