Платформа за прекуграничен фестивалски туризам на полето на традициите и културата - ФОЛКЛОР

Код на проектот:CB006.1.21.166
Покана:CB006.1
Приоритет:2.1. Зголемување на туристичкиот потенцијал во регионот преку подобра заштита и одржливо користење на природното и културното наследство
Вид на проектот:Investment
Времетраење на проектот (во месеци):24
Вредност на договорот:457459.54 €
Кофинансирање од ЕУ:85.00 %
Датум на започнување на проектот:17.10.2016
Датум на завршување на проектот:16.10.2018
Поле на интервенција:095 Заштита, развој и промоција на општествени услуги, поврзани со културата и историското наследство
Резиме на проектот:

Активности по проектот
Проектот беше фокусиран на развој и поттикнување на прекуграничната соработка во областа на руралниот и фестивалскиот туризам меѓу јавните институции и другите засегнати страни во туристичкиот сектор преку организација на заеднички фестивал, трансфер на знаење и искуство. Покрај тоа, проектот имаше за цел да изгради толеранција и почит кон културите и традицијата на различна етничка припадност во двата региона. Спроведени се следниве активности:


- Студија за развој на рурален туризам во Пехчево;  
- Организирање на „Прекуграничен музички и фолклорен фестивал“;
- Презентација на музиката и фолклорното наследство на с.Брезница и Гоце Делчев на „Фестивал на дувачки инструменти“;
- Заедничка веб-платформа;
- Трансфер на знаење во областа на руралниот туризам;
- Градежни работи и набавки во Пехчево и Брезница (Инфо центар во Пехчево и Плоштад со соодветна инфраструктура за организација на фестивали во с. Брезница)

Резултати од проектот
Изграден е Инфо центар во Пехчево и Плоштад со соодветна инфраструктура за организација на фестивали во с. Брезница; поставена е модуларна конструкција  за сценска, аудио опрема и опрема за осветлување. Покрај тоа, во рамките на Инфо центарот, изграден е тоалет за лица со попреченост и обезбеден е пристап за лицата со попреченост до новоизградената инфраструктура во Брезница. Изработена е студија за развој на рурален туризам во Општина Пехчево, со Стратегија за рурален туризам во Пехчево и активно учество на релевантни засегнати страни (http://rural-tourism.net/wp-content/uploads/2019/04/Studija.pdf ); Музичкото и фолклорното наследство на с. Брезница и Гоце Делчев беа претставени на „Фестивалот за прекугранична музика и фолклор“ и „Фестивал на дувачки инструменти“; развиена е заедничка веб-платформа: http://rural-tourism.net/, која содржи информации за главните туристички дестинации и атракции во Пехчево и Гоце Делчев, како и за сместувачките капацитети и настани.

Партнери

Водечки партнер
Општина Пехчево
Источен регион
Партнер на проектот 2
Народно читалиште Петко Рачев Славејков – 1938 с.Брезница
Благоевград