Енергетско ефикасно осветлување во регион Благоевград - Делчево

Код на проектот:CB006.1.11.114
Покана:CB006.1
Приоритет:1.1. Заштита на животната средина и одржливо искористување на заедничките природни ресурси во регионот на ПГС
Вид на проектот:Investment
Времетраење на проектот (во месеци):24
Вредност на договорот:374390.68 €
Кофинансирање од ЕУ:85.00 %
Датум на започнување на проектот:17.10.2016
Датум на завршување на проектот:16.10.2018
Поле на интервенција:085 Заштита и подобрување на биолошката разновидност, заштита на природата и зелена инфраструктура
Резиме на проектот:

Проектот е инициран од страна на двете партнерски општини со цел да се обезбедат подобри услови за живот на граѓаните преку обезбедување на енергетски ефикасно улично осветлување. Целта на проектот е да се обезбеди ефикасно користење на енергијата за осветлување во 4 села во Општина Благоевград и 8 населби во општина Делчево и да се промовира одржливо користење на природните ресурси во прекуграничната област преку разни тематски работилници на теми  за "Одржлива употреба на природните ресурси" и "заштита на животната средина".  Во текот на овие работилници ќе бидат наведени конкретни мерки за понатамошни заеднички активности во областа на животната средина. Главните резултати од проектот се: обезбедена енергетска ефикасност на уличното осветлување во села во Општина Благоевград - Логодаж, Падеш, Зелен Дол и Покровник - заменето постоечко улично осветлување со нови типови на  LED улично осветлување и развиен интелигентни системи за управување; обезбедено енергетско ефикасно користење на улично осветлување во 7 села на Општина Делчево ( Габрово, Ѕвегор, Разловци, Вирче, Тработивиште, Стамер) како и  во и градот Делчево; Обезбедени LED светилки за јавно осветлување - 28 W (600 парчиња);  Обезбеденои LED светилки за јавно осветлување - 60 W (110 парчиња); Обезбедени LED светилки за јавно осветлување - 100 W (50 парчиња); Спроведена дводневна  работилница "Одржлива употреба на природните ресурси" во Делчево; спроведена дводневна  работилница на тема "Заштита на животната средина" во Благоевград; Проектот е дизајниран да има голем мултиплицирачки ефект и потенцијал за понатамошен развој, како почетнаа основа за заедничка акција на теми на заштита на животната средина и заедничко користење на природните ресурси во областа на прекуграничната соработка. Во текот на работилници на теми "Одржливо искористување на природните ресурси" и "Заштита на животната средина" конкретни мерки ќе бидат наведени за понатамошни заеднички активности во областа на животната средина.

Партнери

Водечки партнер
Општина Благоевград
Благоевград
Партнер на проектот 2
Општина Делчево
Источен регион