Published on Interreg - IPA програма за прекугранична соработка CCI2014TC16I5CB006 (http://www.ipa-cbc-007.eu)
Почеток > Обука за македонските членови на екипите за управување на проектите - Штип
Обука за македонските членови на екипите за управување на проектите - Штип
19.07.2019
На 18 јули 2019 година во зградата на мултимедијалниот центар "Киро Глигоров" во Штип (објект изграден по нашата Програма) се одржа обука за македонските членови на екипите за управување на проектите финансирани со вториот повик за предлог проекти. Во присуство на 38 членови на тимовите за управување со проекти, претставниците на Заедничкиот секретаријат ги претставија темите: техничка и финансиска имплементација на проектите, набљудување, завршување и последователни проверки, процедури за договарање, информација и визуелизација, верификација на трошоците од контролор, електронски систем за размена на документи и информации, како и други поврзани прашања. Во текот на обуката, членовите на екипите за управување на проектите имаа можност да поставуваат прашања во врска со спроведувањето на проектите.
Презентациите од обуката може да ги превземете од ТУКА[1]