Interreg - IPA програма за прекугранична соработка CCI2014TC16I5CB006
Published on Interreg - IPA програма за прекугранична соработка CCI2014TC16I5CB006 (http://www.ipa-cbc-007.eu)

Почеток > Започна информативната кампања во рамки на Отворениот повик за инвестициски проекти од Приоритет 1 „Позелен пограничен регион“

Започна информативната кампања во рамки на Отворениот повик за инвестициски проекти од Приоритет 1 „Позелен пограничен регион“

20.06.2023

Заедничкиот секретаријат на Програмата Interreg VI-A ИПА Бугарија - Северна Македонија 2021 -2027 организира 2 Информативни денови и Форум за пронаоѓање на партнери, со цел да го промовира својот Отворен повик за инвестициски проекти под Приоритет 1 „Позелен пограничен регион“ - ref. No 2021TC16IPCB006 – 2023-3.

Повикот е насочен кон специфична цел „Подобрување и зачувување на природата, биодиверзитетот и зелената инфраструктура, вклучително во урбаните средини и намалување на сите форми на загадување“ и има за цел да ги идентификува предлог проектите кои ќе придонесат за развој на „зелена“ инфраструктура во урбаните и периурбани области, чиишто широки ефекти ќе имаат позитивно влијание врз здравјето и благосостојбата на луѓето, ја поддржуваат зелената економија, создаваат работни места и ја подобруваат биолошката разновидност.

Овие настани се дизајнирани со цел да ги спојат Управниот орган, Националниот орган, Заедничкиот секретаријат и потенцијалните апликанти и да ги запознаат со главните правила на Отворениот повик за инвестициски проекти под Приоритет 1 „Позелен пограничен регион“.

Инфо деновите и Форумот за пронаоѓање на партнери се бесплатни, но претходна регистрација е задолжителна за секое лице кое сака да присуствува на некој од настаните. Нема ограничувања во однос на бројот на присутни по институција, но Ве молиме да го ограничите на максимум 2-3 лица по институција, поради и онака огромниот интерес на заинтересираните. Настанот закажан во Бугарија ќе се спроведува на бугарски, а настаните во Северна Македонија на македонски јазик. Содржината на презентациите ќе биде иста во сите закажани Инфо денови!

 

Деталната агенда ќе биде достапна наскоро. Настаните се закажани на овие локации:

Информативен ден - 04 јули 2023 @ 11:00 EET - Интерхотел Сандански, сала „Сандански“, Сандански, Бугарија (локација: 41°34'03.1"N 23°16'58.4"E  /  41.567529, 23.282892 [1])

 

Информативен ден и Форум за пронаоѓање на партнери - 11 јули 2023 @ 11:00 CET - Еуро Хотел Градче, Кочани, Северна Македонија (локација:41°57'49.5"N 22°24'24.7"E  /  41.963747, 22.406863 [2])

 

Вашата задолжителна  РЕГИСТРАЦИЈА за Информативниот ден во Кочани :

https://forms.gle/1dALGCkYr2URQmg39 [3]

 

Вашата задолжителна  РЕГИСТРАЦИЈА за Форумот за пронаоѓање на партнери во Кочани :

https://forms.gle/ysdCJh618bHYZgH79 [4]

 

Го очекуваме Вашето присуство!

Веб страната е кофинансирана од ЕУ преку Програмата за прекугранична соработка ИНТЕРРЕГ - ИПА Бугарија-Македонија.
Оваа публикација е создадена со помош на Европската унија. За содржината на публикацијата целосно е одговорно Министерството за регионален развој и јавни работи на Република Бугарија и на никаков начин не може да се смета дека содржината ги одразува ставовите на Европската унија.


Source URL: http://www.ipa-cbc-007.eu/mk/first-call-2021-2027-news/zapochna-informativnata-kampanja-vo-ramki-na-otvoreniot-povik-za

Links
[1] https://www.google.com/maps/place/41%C2%B034'03.1%22N+23%C2%B016'58.4%22E/@41.567529,23.2822483,19z/data=!3m1!4b1!4m4!3m3!8m2!3d41.567529!4d23.282892?entry=ttu
[2] https://www.google.com/maps/place/41%C2%B057'49.5%22N+22%C2%B024'24.7%22E/@41.9637469,22.4068634,17z/data=!3m1!4b1!4m4!3m3!8m2!3d41.9637469!4d22.4068634?entry=ttu
[3] https://forms.gle/1dALGCkYr2URQmg39
[4] https://forms.gle/ysdCJh618bHYZgH79