Успешно заврши Информативната кампања со информативни денови за потенцијални кандидати по првиот повик за аплицирање со проектни концепти на Програмата Interreg VI-A ИПА Бугарија - Северна Македонија. Целта на спроведените обуки беше да се разјаснат на потенцијалните кандидати основните барања за развој на проектните концепти и да им бидат дадени практични совети за подготовка на сите документи за апликација.
Информативните денови за потенцијални кандидати беа резлизирани на следните дати и места:
на 30-ти мај 2023 год. во Благоевград;
на 01-ви јуни 2023 год. во Кочани.
Обуките беа организирани и спроведени од Оперативната единица на Територијална стратегија на Програмата Interreg VI-A ИПА Бугарија - Северна Македонија во соработка со Управувачкиот Орган на Програмата - Дирекцијата "Управување на територијалната соработка", Министерство за регионален развој и јавни работи на Република Бугарија и Министерството за локална самоуправа на Република Македонија.
На Информативните денови присуствуваа над 150 учесници, меѓу кои претставници на регионални администрации, општини, НВО, културни и образовни институции.
Презентациите од инфо денот во Благоевград се достапни ТУКА
Презентациите од инфо денот во Кочани се достапни ТУКА