Interreg - IPA програма за прекугранична соработка CCI2014TC16I5CB006
Published on Interreg - IPA програма за прекугранична соработка CCI2014TC16I5CB006 (http://www.ipa-cbc-007.eu)

Почеток > Јавни дискусија за нацрт Пакетот на упатствата за апликантите во рамки на Програмскиот приоритет 1 „Позелен пограничен регион“

Јавни дискусија за нацрт Пакетот на упатствата за апликантите во рамки на Програмскиот приоритет 1 „Позелен пограничен регион“

19.04.2023

Министерството за регионален развој и јавни работи на Република Бугарија (Управувачки орган) заедно со Министерството за локална самоуправа на Република Северна Македонија (Национален орган) на Програмата Interreg (VI-A) ИПА Бугарија - Северна Македонија 2021 - 2027 година го објавува за јавна дискусија Пакетот на упатства за апликанти во рамките на Приоритет 1 „Позелен граничен регион“ во рамките на Целта на политиката 2 „Позелена, ниско-јаглеродна и одржлива Европа со транзициска економија со нето нула јаглерод преку промовирање чиста и правична енергетска транзиција, зелени и сини инвестиции, кружна економија, ублажување и адаптација на климатските промени, превенција на ризик и одржлива урбана мобилност“.

Целта на повикот е да се идентификуваат предлозите на проекти кои ќе придонесат за развој на „зелена“ инфраструктура (ГИ) во градските и приградските реони, чии широки ефекти позитивно влијаат врз здравјето и благосостојбата на луѓето, ја поддржуваат зелената економија, создаваат можности за работа и подобрување на биолошката разновидност.

Засегнатите страни можат да ги достават своите коментари, поддржани со конкретни предлози за ревизија на текстовите на документите, најдоцна до 19 мај 2023 година на: jtsipakyustendil@gmail.com [1]

 

Пакетот на упатства за апликантите е достапен ТУКА [2]

 

Files: 
File p1_public_consultations.rar [2]

Веб страната е кофинансирана од ЕУ преку Програмата за прекугранична соработка ИНТЕРРЕГ - ИПА Бугарија-Македонија.
Оваа публикација е создадена со помош на Европската унија. За содржината на публикацијата целосно е одговорно Министерството за регионален развој и јавни работи на Република Бугарија и на никаков начин не може да се смета дека содржината ги одразува ставовите на Европската унија.


Source URL: http://www.ipa-cbc-007.eu/mk/documents-2021-2027-programme-2021-2027-news/javni-diskusija-za-nacrt-paketot-na-upatstvata-za

Links
[1] mailto:jtsipakyustendil@gmail.com
[2] http://www.ipa-cbc-007.eu/sites/ipacbc-bgmk-105.gateway.bg/files/p1_public_consultations.rar