Interreg - IPA програма за прекугранична соработка CCI2014TC16I5CB006
Published on Interreg - IPA програма за прекугранична соработка CCI2014TC16I5CB006 (http://www.ipa-cbc-007.eu)

Почеток > Европски Ден на Соработка 2015

Европски Ден на Соработка 2015

14.09.2015

На 12 септември 2015 година во организација на Програмата за прекугранична соработка помеѓу Бугарија и Македонија и Програмата за прекугранична соработка помеѓу Бугарија и Србија се одржа прослава на Европскиот ден на соработка 2015. Прославата се одржа на платото пред Драмскиот театар во Ќустендил, Република Бугарија. Официјалните гости на настанот беа: Деница Николова, заменик министер за регионален развој и јавни работи; Амбасадорот на Република Македонија во Република Бугарија г-дин  Благој Ханџиски; Амбасадорот на Република Бугарија во Република Македонија, г-дин  Иван Петков; Амбасадорот на Република Србија во Бугарија г-дин Владимир Ќургус; Радослава Чеканска, заменик гувернер на административниот регион  Ќустендил и Петар Паунов, градоначалник на Ќустендил.

Заедничката прослава на двете програми содржеше уметничка програма, со изведба на традиционалните ора од Македонија и Бугарија, како и работилница за млади сликари од Бугарија, Македонија и Србија. Во вториот дел од прославата беше презентирана модна ревија.

Галерија на фотографии од настанот:

Joint celebration of the European Cooperation Day 2015 [1]

14.09.2015
  • Български [2]
  • Македонски [3]

Веб страната е кофинансирана од ЕУ преку Програмата за прекугранична соработка ИНТЕРРЕГ - ИПА Бугарија-Македонија.
Оваа публикација е создадена со помош на Европската унија. За содржината на публикацијата целосно е одговорно Министерството за регионален развој и јавни работи на Република Бугарија и на никаков начин не може да се смета дека содржината ги одразува ставовите на Европската унија.


Source URL: http://www.ipa-cbc-007.eu/mk/news/evropski-den-na-sorabotka-2015

Links
[1] http://www.ipa-cbc-007.eu/mk/node/348
[2] http://www.ipa-cbc-007.eu/bg/photo-gallery/evropeyski-den-za-strudnichestvo-2015
[3] http://www.ipa-cbc-007.eu/mk/photo-gallery/evropski-den-na-sorabotka-2015