Interreg - IPA програма за прекугранична соработка CCI2014TC16I5CB006
Published on Interreg - IPA програма за прекугранична соработка CCI2014TC16I5CB006 (http://www.ipa-cbc-007.eu)

Почеток > Информативна кампања за Првиот повик за поднесување на проектни предлози по Програмата за прекугранична соработка Интерег - ИПА Бугарија - Македонија на територија на Република Македонија

Информативна кампања за Првиот повик за поднесување на проектни предлози по Програмата за прекугранична соработка Интерег - ИПА Бугарија - Македонија на територија на Република Македонија

23.10.2015

Заедничкиот секретаријат на Програмата за прекугранична соработка Интеррег - ИПА Бугарија-Македонија има задоволство да ги покани сите заинтересирани лица да земат учество на информативните денови во врска со Првата покана за проектни предлози  планирани да се одржат на територијата на Република Македонија во периодот 28.10. 2015 - 30.10.2015 година, по следниот распоред:

• Информативен ден со отворање на информативната кампања во град Крива Паланка на 28-ми октомври 2015 година (среда), во салата на Општина Крива Паланка. Почетен час за регистрација на учесниците - 10:30ч. Програмата на настанот може да ја најдете ТУКА. [1]

• Информативен ден во град Пробиштип на 29-ти октомври 2015 година (четврток) во салата на Хотел "Сан Нико". Почетен час за регистрација на учесниците - 10:30ч. Програмата на настанот може да ја најдете ТУКА. [2]

• Информативен ден во град Гевгелија на 30-ти октомври 2015 година (петок) во салата на Хотел "Аполонија". Почетен час за регистрација на учесниците - 10:30ч. Програмата на настанот може да ја најдете ТУКА. [3]

На Информативните денови експерти од Управувачкиот орган, Националниот орган и Заедничкиот секретаријат на Програмата ќе ги претстават следниве основни теми:

• Барања за апликација по Повикот за проектни предлози;

• Структура на предлог проектот и пополнување на формуларот за апликација;

• Развивање на буџет на проектот и подобност на трошоците. 

Покрај тоа, сите учесници ќе имаат можност да постават конкретни прашања во врска со развојот на проектните идеи и предлози, барањата за апликација, пополнувањето на документите и др.

Го очекуваме Вашето присуство!

Веб страната е кофинансирана од ЕУ преку Програмата за прекугранична соработка ИНТЕРРЕГ - ИПА Бугарија-Македонија.
Оваа публикација е создадена со помош на Европската унија. За содржината на публикацијата целосно е одговорно Министерството за регионален развој и јавни работи на Република Бугарија и на никаков начин не може да се смета дека содржината ги одразува ставовите на Европската унија.


Source URL: http://www.ipa-cbc-007.eu/mk/news/informativna-kampanja-za-prviot-povik-za-podnesuvanje-na-proektni-predlozi-po-programata-za

Links
[1] http://ipa-cbc-007.eu/upload/docs/2015-10/Annex_3_2_Agenda_public_event_Kriva_Palanka___table_MK.pdf
[2] http://ipa-cbc-007.eu/upload/docs/2015-10/Annex_3_2_Agenda_public_event_Probistip___table_MK.pdf
[3] http://ipa-cbc-007.eu/upload/docs/2015-10/Annex_3_2_Agenda_public_event_Gevgelija___table_MK.pdf