Interreg - IPA програма за прекугранична соработка CCI2014TC16I5CB006
Published on Interreg - IPA програма за прекугранична соработка CCI2014TC16I5CB006 (http://www.ipa-cbc-007.eu)

Почеток > Европската комисија ја одобри Програмата за прекугранична соработка меѓу Бугарија и Северна Македонија за програмскиот период 2021-2027 година

Европската комисија ја одобри Програмата за прекугранична соработка меѓу Бугарија и Северна Македонија за програмскиот период 2021-2027 година

30.11.2022

Европската комисија даде зелено светло за започнување на Програмата за прекугранична соработка INTERREG VI-A IPA Бугарија - Северна Македонија 2021-2027 со одлука за одобрување од 29 ноември 2022 година.

Во текот на следните 7 години ќе се инвестира ресурс од над 31 милиони евра во прекуграничниот регион на Програмата - регионите Благоевград и Ќустендил во Република Бугарија и североисточниот, источниот и југоисточниот плански регион на Северна Македонија.

Најголем дел од програмскиот буџет, над 15,5 милиони евра, се планира да биде наменет за финансирање проекти за интегриран територијален развој со фокус на специфичните потреби на регионот. Во рамките на овој приоритет ќе бидат поддржани активности за развој на целосни, интегрирани и одржливи туристички производи, за зголемување на производствениот капацитет на МСП и проширување на нивната економска активност на нови пазари и производи.

За да се подобри регионалната поврзаност и да се стимулира економскиот раст во прекуграничниот регион, ќе се финансира изградбата на граничниот премин Берово - Струмјани и соодветната инфраструктура. Проектот ќе го спроведуваат Регионалната управа на Благоевград и Царинската управа на Република Северна Македонија.

Инвестициите за изградба на зелени површини во урбани и приградски средини, развој на природни зелени урбани површини и зелени површини за управување со водите се вклучени во Приоритетот „Позелен прекуграничен регион“ со ресурс од 5,2 милиони евра.

Files: 
PDF icon 2021tc16ipcb006.pdf [1]

Веб страната е кофинансирана од ЕУ преку Програмата за прекугранична соработка ИНТЕРРЕГ - ИПА Бугарија-Македонија.
Оваа публикација е создадена со помош на Европската унија. За содржината на публикацијата целосно е одговорно Министерството за регионален развој и јавни работи на Република Бугарија и на никаков начин не може да се смета дека содржината ги одразува ставовите на Европската унија.


Source URL: http://www.ipa-cbc-007.eu/mk/2020-news/evropskata-komisija-ja-odobri-programata-za-prekugranichna-sorabotka-megju-bugarija-i

Links
[1] http://www.ipa-cbc-007.eu/sites/ipacbc-bgmk-105.gateway.bg/files/2021tc16ipcb006_0.pdf