Interreg - IPA програма за прекугранична соработка CCI2014TC16I5CB006
Published on Interreg - IPA програма за прекугранична соработка CCI2014TC16I5CB006 (http://www.ipa-cbc-007.eu)

Почеток > Успешно заврши Информативната кампања со Форумот за пронаоѓање на партнери во Сандански

Успешно заврши Информативната кампања со Форумот за пронаоѓање на партнери во Сандански

13.11.2015

Форумот за пронаоѓање на партнери по Првиот повик за проектни предлози се одржа на 12-ти ноември 2015 година во Сандански, Бугарија. Повеќе од 120 учесника од Бугарија и Македонија присуствуваа на настанот. Целта на Форумот беше да им се овозможи на организациите кои сакаат да поднесат  проектни предлози по  Програмата за прекугранична соработка Интерег-ИПА Бугарија-Македонија, но немаат создадени партнерски односи, да воспостават контакти со потенцијални партнери.

За време на првиот дел од настанот, претставниците на Заедничкиот секретаријат ги презентираа основните принципи и правила поврзани со изградбата и примената на успешни партнерства во рамките на Програмата додека потенцијалните кандидати имаа можност да ги претстават своите  организации и проектни идеи.

За време на вториот дел од настанот, претставниците на Заедничкиот секретаријат координираа три групи за дискусија за секоја од трите приоритетни оски: Животна средина, Туризам и Конкурентност.

Форумот за пронаоѓање на партнери го одбележа крајот на информативната кампања по првиот Повик за проектни предлози. Кампањата вклучуваше 2 настана за отворање, 2 информативни дена во Бугарија, 3 информативни дена во Македонија, како и Форум за пронаоѓање на партнери.

Во целата информативна кампања заедно со Форумот за пронаоѓање на партнери учествуваа над 500 учесници од над 270 различни субјекти.

Управувачкиот орган, Националниот орган и Заедничкиот секретарите изразуваат голема благодарност за активното учество на спроведените настани и ги потсетуваат сите заинтересирани дека крајниот рок за предавање на проектните предлози е 25-ти јануари 2016 година, 16:00 часот. Бугарско време, на адреса на Заедничкиот секретаријат: ул. Марин Дринов бр.7, Ќустендил, Бугарија.

Прашањата на кандидатите можат да бидат поставувани до 21 дена пред крајниот рок, а одговорите ќе бидат објавени до 11 дена пред крајниот рок.

Форумот за пронаоѓање на партнери [1]

13.11.2015
  • English [2]
  • Български [3]

Веб страната е кофинансирана од ЕУ преку Програмата за прекугранична соработка ИНТЕРРЕГ - ИПА Бугарија-Македонија.
Оваа публикација е создадена со помош на Европската унија. За содржината на публикацијата целосно е одговорно Министерството за регионален развој и јавни работи на Република Бугарија и на никаков начин не може да се смета дека содржината ги одразува ставовите на Европската унија.


Source URL: http://www.ipa-cbc-007.eu/mk/news/uspeshno-zavrshi-informativnata-kampanja-so-forumot-za-pronaogjanje-na-partneri-vo-sandanski

Links
[1] http://www.ipa-cbc-007.eu/mk/photo-gallery/forumot-za-pronaogjanje-na-partneri
[2] http://www.ipa-cbc-007.eu/photo-gallery/partner-search-forum
[3] http://www.ipa-cbc-007.eu/bg/photo-gallery/forum-za-trsene-na-partnori