Interreg - IPA програма за прекугранична соработка CCI2014TC16I5CB006
Published on Interreg - IPA програма за прекугранична соработка CCI2014TC16I5CB006 (http://www.ipa-cbc-007.eu)

Почеток > Јавни расправи во врска со Извештајот за стратегиска оцена на животната средина (ИСОЖС)во рамките на ИНТЕРРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија 2021-2027

Јавни расправи во врска со Извештајот за стратегиска оцена на животната средина (ИСОЖС)во рамките на ИНТЕРРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија 2021-2027

14.02.2022

Министерството за локална самоуправа (МЛС), во својство на Национален орган (НО) на ИНТЕРРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија за програмскиот период 2021-2027 година, оствари 3 јавни расправи во врска со Извештајот за стратегиска оцена на животната средина (ИСОЖС), задолжени според чл. 61, 69 и 70 од Законот за животна средина и Уредбата за учество на јавноста во текот на изработката на прописи и други акти, како и планови и програми од областа на животната средина (Службен весник на Република Македонија“ 147/08  и 45/11).

Јавните расправи беа реализирани преку хибридни настани (во живо и со онлајн достап) во трите центра на планските региони и тоа: на 7.02.2022 година во Куманово за заинтересираните субјекти од Североисточниот плански регион, на 8.02.2022 година во Штип за  заинтересираните субјекти од Источниот плански регион и на 9.02.2022 година во Струмица за заинтересираните субјекти од Југоисточниот плански регион.

На Јавните расправи беа презентирани спроведените активности и подготвените нацрт документи во периодот 2019-2022 поврзани со новиот програмски период 2021-2027, Нацрт ИНТЕРРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија 2021-2027 и Нацрт Територијалната стратегија за интегрирани мерки како и Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на животната средина за проекти во рамките на ИНТЕРРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија 2021-2027.

Јавни расправи во врска со Извештајот за стратегиска оцена на животната средина (ИСОЖС)во рамките на ИНТЕРРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија 2021-2027 [1]

15.02.2022
  • English [2]

Веб страната е кофинансирана од ЕУ преку Програмата за прекугранична соработка ИНТЕРРЕГ - ИПА Бугарија-Македонија.
Оваа публикација е создадена со помош на Европската унија. За содржината на публикацијата целосно е одговорно Министерството за регионален развој и јавни работи на Република Бугарија и на никаков начин не може да се смета дека содржината ги одразува ставовите на Европската унија.


Source URL: http://www.ipa-cbc-007.eu/mk/2020-sea-report-news/javni-raspravi-vo-vrska-so-izveshtajot-za-strategiska-ocena-na-zhivotnata

Links
[1] http://www.ipa-cbc-007.eu/mk/photo-gallery/javni-raspravi-vo-vrska-so-izveshtajot-za-strategiska-ocena-na-zhivotnata-sredina
[2] http://www.ipa-cbc-007.eu/photo-gallery/public-consultations-strategic-environmental-assessment-report-republic-north