Interreg - IPA програма за прекугранична соработка CCI2014TC16I5CB006
Published on Interreg - IPA програма за прекугранична соработка CCI2014TC16I5CB006 (http://www.ipa-cbc-007.eu)

Почеток > Регионални консултации за подготовка на ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија -Македонија 2014 - 2020

Регионални консултации за подготовка на ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија -Македонија 2014 - 2020

18.02.2014

 

 

     

Регионални консултации за подготовка на ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија - Македонија 2014 - 2020

Подготовката на ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија - Македонија 2014 - 2020 влезе во нејзината суштинска фаза, каде што ставовите на заинтересираните страни кои се однесуваат на специфични прекугранични потреби и перспективи ќе придонесат за тематска концентрација на новата програма.

За таа цел ќе се одржат пет регионални консултативни форуми помеѓу 26 февруари и 7 март 2014 година. Средбите ќе биде во форма на пленарни дискусии во секој регион на прекуграничната област со цел:

- Да се информираат регионалните заинтересирани страни во сите 5 региони на програма за тековниот процесот на програмирање за ИПА II прекуграничната програма и за наодите на надворешните експерти од регионалната анализа и идентификуваните потреби;

- Да се презентираат и дискутираат можните приоритизирања на тематските приоритети на идната прекугранична програма;

- Да се дискутираат потенцијалните активности кои можат да бидат релевантни за надминување на утврдените потреби и предизвици во соодветните тематски приоритетни области.

Состојбата и SWOT / анализите на потребите ќе бидат елаборирани од страна на експертите на Конзорциумот за Проектно Планирање и Управување ангажирани по договор за услуги за подготовка на идната IPA II прекугранична програма, проект со идентификациски број: EuropeAid/133413/D/SER/Multi - Lot 2.  Резултатите од анализите, како и предложените тематски приоритети ќе бидат презентирани од страна на експертите за планирање.

Со оглед на истакнатото, претставниците од општините, регионалната и националната администрација, регионални невладини организации , универзитети, училишта, информативните  центри, социо-економски партнери и сл. се поканети да учествуваат во следниве настани:

 Датум и време   Место: Адреса:

  26 февруари 2014  

(10:30)

Струмица

 Хотел Сириус,

Струмица  

27  февруари 2014

(10:30)

Штип

 Хотел Оаза,

Штип

 28 февруари 2014  

(10:30)

Куманово

 Ресторан НА-МА,   плоштад М.Тито бр.10 

  шопинг центар НА-МА ,  Куманово   

6  март 2014 

(13.30)

Ќустендил

 Заеднички Технички Секретаријат 

ул. Марин Дринов бр.7,  Ќустендил

7 март 2014

(9:30)

  Благоевград  

Хотел Езерец,

бул. Пејо Јаворов бр.2,  Благоевград

Формуларите за регистрација треба да се испратат на следната e-mail адреса:office@ppmanagement.eu [1] или на факс : +359 2 953 35 67, најдоцна до 24 февруари 2014.

 

Програма [2]

Формулар за регистрација [3]

Писмо за поддршка [4]

Презентација [5]

   

Веб страната е кофинансирана од ЕУ преку Програмата за прекугранична соработка ИНТЕРРЕГ - ИПА Бугарија-Македонија.
Оваа публикација е создадена со помош на Европската унија. За содржината на публикацијата целосно е одговорно Министерството за регионален развој и јавни работи на Република Бугарија и на никаков начин не може да се смета дека содржината ги одразува ставовите на Европската унија.


Source URL: http://www.ipa-cbc-007.eu/mk/news/regionalni-konsultacii-za-podgotovka-na-ipa-programata-za-prekugranichna-sorabotka-bugarija

Links
[1] mailto:office@ppmanagement.eu
[2] http://www.ipa-cbc-007.eu/upload/docs/2014-02/Programme.pdf
[3] http://www.ipa-cbc-007.eu/upload/docs/2014-02/Registration_Form.doc
[4] http://www.ipa-cbc-007.eu/upload/docs/2014-02/Letter_of_support.pdf
[5] http://www.ipa-cbc-007.eu/upload/docs/2014-03/BG_MK_PPP_04032014.pdf