Interreg - IPA програма за прекугранична соработка CCI2014TC16I5CB006
Published on Interreg - IPA програма за прекугранична соработка CCI2014TC16I5CB006 (http://www.ipa-cbc-007.eu)

Почеток > Регионален Консултативен Форум – Ќустендил

Регионален Консултативен Форум – Ќустендил

07.03.2014

Регионален Консултативен Форум – Ќустендил

На 6 март 2014 година во просториите на Заедничкиот Технички Секретаријат во Ќустендил се одржа првиот Регионален Консултативен Форум во Бугарија, кој е дел од подготовките за IPA II програма за прекугранична соработка  Бугарија – Македонија за програмскиот период 2014-2020 година. На оваа средба присуствуваа претставници на Управувачкиот орган - МРР  г-ѓа Асија Христова и г-ѓа Маја Лошева, на Националниот орган МЛС на РМ г-ѓа Нита Крлиу, како и раководителот на ЗТС Ќустендил г-дин Николај Дочев. Резултатите од анализата и тематските приоритети на новата програма пред присутните 30-тина представници на заинтересираните страни од Ќустендилскиот регион  ги претстави експертот за планирање Елеонора Иванова  од Конзорциумот за Проектно Планирање и Управување

Веб страната е кофинансирана од ЕУ преку Програмата за прекугранична соработка ИНТЕРРЕГ - ИПА Бугарија-Македонија.
Оваа публикација е создадена со помош на Европската унија. За содржината на публикацијата целосно е одговорно Министерството за регионален развој и јавни работи на Република Бугарија и на никаков начин не може да се смета дека содржината ги одразува ставовите на Европската унија.


Source URL: http://www.ipa-cbc-007.eu/mk/news/regionalen-konsultativen-forum-kjustendil