Interreg - IPA програма за прекугранична соработка CCI2014TC16I5CB006
Published on Interreg - IPA програма за прекугранична соработка CCI2014TC16I5CB006 (http://www.ipa-cbc-007.eu)

Почеток > Ден на европската соработка 2020 / 30 години Interreg

Ден на европската соработка 2020 / 30 години Interreg

22.09.2020

Во духот на традицијата и оваа година на 21 септември нашата програма го прослави Денот на европската соработка, а во 2020 година дополнително ја прославивме 30-годишнината од постоењето на Интеррег.

Заради ситуацијата со COVID 19, за прв пат имавме онлајн настан преку интернет, кој беше пренесуван во живо на нашата фан страна на Facebook. Онлајн настанот беше поздравен од нашите гости: г-ѓа Лена Пенч,  директор на ГД „Регионални и урбани политики“ при Европската комисија, г-дин Димитар Цанчев, амбасадор и постојан претставник на Република Бугарија во Европската унија, г-ѓа Деница Николова, заменик министер за регионален развој и јавни работи на Република Бугарија, г-дин Михаило Дашиќ, помошник министер за европски интеграции на Република Србија и г-дин Фарук Кајмакчи, заменик министер за надворешни работи на Република Турција.

Нашата програма заедно со Interreg - ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија - Србија и Interreg - ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија - Турција ги презентираа своите активности и достигнувања, како и неколку успешно реализирани проекти.

Целиот настан можете да го погледнете ТУКА [1]

 

 

Веб страната е кофинансирана од ЕУ преку Програмата за прекугранична соработка ИНТЕРРЕГ - ИПА Бугарија-Македонија.
Оваа публикација е создадена со помош на Европската унија. За содржината на публикацијата целосно е одговорно Министерството за регионален развој и јавни работи на Република Бугарија и на никаков начин не може да се смета дека содржината ги одразува ставовите на Европската унија.


Source URL: http://www.ipa-cbc-007.eu/mk/media-news/den-na-evropskata-sorabotka-2020-30-godini-interreg

Links
[1] https://youtu.be/9NcvPo3Pr9E