Interreg - IPA програма за прекугранична соработка CCI2014TC16I5CB006
Published on Interreg - IPA програма за прекугранична соработка CCI2014TC16I5CB006 (http://www.ipa-cbc-007.eu)

Почеток > Продолжува редовниот поврат на средства во рамки на европските програми управувани од Министерството за регионален развој и јавни работи на Република Бугарија

Продолжува редовниот поврат на средства во рамки на европските програми управувани од Министерството за регионален развој и јавни работи на Република Бугарија

02.04.2020

Министерството за регионален развој и јавни работи на Република Бугарија продолжува да извршува плаќања за проекти на бенефициенти - општини, регионални администрации, министерства, невладини организации и други.

Без оглед на комплицираната епидемиолошка состојба и прогласената вонредна состојба во Република Бугарија, поврзана со ширењето на COVID-19 на територијата на Бугарија, како и вонредните мерки воведени на териториите на соседните држави, создадена е неопходната организација и нема застој при обработката и повратот на трошоците по поднесените барања за плаќања од страна на бенефициентите. Во периодот од 13 март, кога беше прогласена вонредната состојба, до овој момент по нашата ИНТЕРРЕГ - ИПА Програма за прекугранична соработка се исплатени на бенефициентите средства во висина од 90 407 евра за реализираните активности.

Обработката и повратот на извршените трошоци од страна на бенефициентите по програмата продолжуваат, со цел да се допринесе максимално во справување со актуелната криза и да се минимизираат негативните последици во социјалните и економските системи. Исто така, се смета и на навремена реакција од страна на бенефициентите и изведувачите, бидејќи доколку некој во системот Управувачки орган - бенефициент - изведувач не ги исполни своите ангажмани или контролни функции, повратот на средствата е побавен.

 

Веб страната е кофинансирана од ЕУ преку Програмата за прекугранична соработка ИНТЕРРЕГ - ИПА Бугарија-Македонија.
Оваа публикација е создадена со помош на Европската унија. За содржината на публикацијата целосно е одговорно Министерството за регионален развој и јавни работи на Република Бугарија и на никаков начин не може да се смета дека содржината ги одразува ставовите на Европската унија.


Source URL: http://www.ipa-cbc-007.eu/mk/news/prodolzhuva-redovniot-povrat-na-sredstva-vo-ramki-na-evropskite-programi-upravuvani-od